2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

На 17 октомври во далечната 1944 година група хумани жени, полни со ентузијазам и верба дека ќе го променат светот на подобро, го формираа битолскиот одбор на Антифашистичкиот сојуз на жените на Македонија. На чело на групата беше Анча Ристевска, голем активист за човекови права, а и се придружиле Вангелика Поповска од Бистрица, Даница Хаџипопова и Константина Пулевска од Битола.

Говорот на омраза е наше  секојдневие, посебно на социјалните мрежи,  но пошироката јавност не е многу информирана што точно значи тоа.

На денешен ден, 11 ноември 1943 г. во селото Винени, Леринско, Егејски дел на Македонија, е формиран НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНИОТ БАТАЛЈОН „СТИВ НАУМОВ“.

Како да се направи систем со кој храната наместо во ѓубре ќе заврши кај оние на кои им е најпотребна. Ова е целта на проектот „Храна на вистинска адреса“ кој треба да ги поврзе манипулаторите со храна, локалните институции и граѓаните во социјален ризик

Во завршна фаза се активностите за изградба на паркот за деца и лица со посебни потреби. Веднаш штом се завршат сите потребни процедури, паркот ќе биде пуштен во употреба.
За многу скоро најмладите ќе имаат ново катче за забава и рекреативни активности, објави Гого Видимче директор на Пелагонскиот плански регион-Битола.

74370133 2695934970458741 8980149705329606656 o

73413109 2695934950458743 79548734261690368 o

71269397 2695935333792038 3631011179339448320 o

А.Б

Битолчани и оваа есен се пред нов предизвик за пошумување на ридот над населбата Баир.

Акцијата за пошумување  е најавена за во недела (17-ноември) од 11 часот  со збирно место кај црквичето „Св. Четириесет маченици“- Кркардаш

Волонтерска акција за пошумување на ридот над Населба Баир во Битола во организација на ФОРУМ ЦСИД поддржана од Проектот на УСАИД за Граѓанско Учество.Организаторите порачуваат „ќе биде добредојден секој од Вас кој сака малку да се подружиме, да поможиме и да засадиме наше дрвце на прекрасниот Баир“.

Во рамките на оваа акција планирано е да се засадат најмалку 100 садници за зимзелени дрва - бор од страна волонтери од повеќе граѓански организации. Преку промоцијата на овој настан би ја поттикнале свеста на граѓаните за важноста на зелените површини во близина на градските населби, како и во градот. Просторот на кој се планира да се реализира оваа акција е поранешната борова шума на ридот над населбата Баир (кај манастирот Кркардаш), велат организаторите.

Инвестирањето во наука и општо во образованието се капитална инвестиција, а не јавна потрошувачка, порача проректорот за настава на Универзистетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, проф. д-р Игор Неделковски. Пораката ја упати на Меѓународниот ден на науката, признавајќи дека не само кај нас, туку и во други држави од опкружувањето, па и поразвиени земји науката е на маргините.

Што е одржливост и што значи да се биде граѓанин е темата на меѓународниот проект „Одржливо живеење-Активни граѓани“, а домаќин на овие активности е СОУ „Таки Дасакало“ од Битола. Овој проект се реализира во рамките на програмата Еразмус Плус, водечка програма на Европската Комисија фокусирана на образованието, обуката, младите и спортот. Во овие активности кои ќе се одвиваат до 17 ноември, учествува група од 40 тина наставници и ученици од партнерски училишта во проектот и тоа од Норвешка, Германија, Финска, Италија и Франција.

Општината вложи над 820 000 денари во отворање на три занимални во три различни градинки при ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ во Битола. Со занимални се подновија градинките „Колибри“ во населба Стрелиште, „Вангел Мајоро“ во Кланица и „Росица“ во Буковски Ливади.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани