
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Во оваа вонредна ситуација предизвикана од корона вирусот, преку Сојузот на пчеларски здруженија организираме хуманитарна акција. Ние пчеларите сме едни од најхуманите луѓе бидејќи ги одгледуваме најкорисните животни-инсекти, но не застануваме тука, и по повод денот на здравјето Вторник на 7-ми Април во 10.30 h, преку локалните пчеларски здруженија во Скопје, Битола, Куманово, Струмица, Прилеп, Охрид, Кочани, Крушево и Македонска Каменица ќе донираме мед и растворен прополис, кој ќе биде наменет за луѓето кои во овој момент се во " прва борбена линија" -медицинските лица, а донациите ќе се реализираат во клиничките центри-болниците“, соопшти Менде Трајковски, претставник на медарите од Битола.
Во болницата во Битола е хоспитализиран еден пациент, но во тек е трансфер на сите пациенти кои беа хоспитализирани претходно во болницата во Охрид, по вчерашниот договор Болницата во Битола да биде регионален центар, практично сите пациенти кои до сега се лекуваа во Охрид се трансферираат во Битола се пациенти од околината на Струга, изјави министерот за здравство Филипле.
Еден 86-годишен штитеник на Домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола е позитивен на КОВИД-19, а двајца кои со него ја делеле истата соба се во изолација.
Исто така, во домашна самоизолација се 6 лица од медицинскиот персонал во оваа установа, каде има вкупно 34 вработени и 154 корисници, со што се јавува недостиг на кадар за тросменското работење, потврди за апла.мк директорката на Домот за стари лица во Битола, Јулијана Котевска
Полицискиот час наместо во 21 часот како што беше случај досега, од среда ќе почнува во 16 часот и ќе трае до пет часот наутро. Ова е заклучок од денешната владина седница. За време на викендот 24 часовен карантин.
