
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Светнаа паметните венецијанерки на младите иноватори од Основното училиште „Даме Груев“ со кои минатата година станаа победници на програмата „Предизвик за млади истражувачи“ и добија гранд од Фондот за иноваци и технолошки развој. Учениците Андреј Јовановски, Христијан Николовски и Михаил Јанакиевски предводени од наставничката по физика и ментор Валентина Степановска Андонова денес го презентираа својот изум на настанот „Млади истражувачи“ што по повод Месецот на науката се одржа во НУБ „Климент Охридски“ во Битола.
Во рамки на проектот манифестацијата „Нов културен бран 2019“ претставата „Ревизор“ од Гогољ утре (четврток) во 20 часот ќе биде одиграна на сцената на БНТ, а во наредните денови ќе биде изведена и на сцените на повеќе македонски театри. Проектот е финансиран од Министерството за култура, а претставата је играат актерите кои неодамна дипломираа на ФДУ во класата на Мими Таневска Србиновска и дем.Ангелчо Илиевски.
07.11.2019 во Народен театар Битола
И Јавното претпријатие „Водовод“ од Битола се вклучи во борбата против ракот на дојка. Денес директорот на ЈЗУ Клиничка болница од Битола Др. Зоран Лазаров и директорот на „Водовод“, Горан Козаров потпишаа договор за взаемна соработка која започнува со реализација уште од овпј понеделник, 11 ноември. Имено околу 50 жени вработени во Водовод ќе направат скрининг на ЕХО и мамографија се со цел да се влијае во превентивата на оваа лоша болест која ја зафаќа женската популација.
Советничката од СДСМ Жаклина Наумовска и секретар на Општинската организација на партијата во Битола на денешната прес конференција се осврна на подобрените услови за дијагностицирање и лекување на пацинетите со карцином во Битола.
„Во Клиничката болница во Битола беше пуштен во употреба новиот дигитален мамограф, обезбеден преку проектот од ИПА програмата за меѓугранична соработка Грција-Северна Македонија (2014-2020). Новиот дигитален мамограф е достапен за бесплатни, превентивни мамографски прегледи за сите жени во Битолскиот Регион, вклучувајќи ги и пациентките од тешко пристапните подрачја“, рече Наумовска.
Годинешниот добитник на највисокото општинско признание за животно дело, наградата „4 Ноември“, Благој Стефaновски-Баге, денеска засади дрвце во алејата на добитниците во Градскиот парк во Битола.
Финската ѕвезда на хармоника Хели Сиекинен на 15 ноември настапува на фестивалот „Музика од светот“ во Битола, концертот е во придружба на Битолскиот камерен оркестар. За Хели се вели дека е една од реформаторите на нејзиниот инструмент.
Таа свири со отменост и страст, со звук кој е навистина уникатно нејзин.
Огнениот, но и елегантен стил ја натера публиката ширум светот да се заљуби во нејзината музика.
Душата на инструментите оживуваат во рацете на Хели и допираат до слушателите на влијателен начин.
Хели го започна своето музичко патување на тригодишна возраст со класичната хармоника. Нејзиното прво учество на натпревар беше на шестгодишна возраст со што успешно ја започна својата натпреварувачка кариера. Пет пати била првонаградена на натпревариите во Финска,а добитник е на второ и трето место на светските првенства во Италија и Данска.
Учела класична хармоника кај врвни педагози: Владимир Долгополов (Русија), Ерик Брандер (Финска), Алпо Похија (Финска), Фридрих Липс (Русија) и Мати Рантанен (Финска). Дипломирала во 2004 година на конзерваториумот Јиваскила во Финска.
Интересот кон музиката во сите свои форми ја водел кон многу проекти. Настапувала како солист или како дел од бројни ансамбли во концертни сали, театри и клубови со разновидни репертоари. Еден од ансамблите беше и “Квинтето Фуего”, кој стана нејзина страст од 2001 година. “Квинтет Фуего” го изведуваше танго Нуево од Астор Пијацола и учествуваше на меѓународниот натпревар “Астор Пијацола” во 2004 година во Италија, пласирајќи се на второ место со одлични рецензии.
Музиката на Пијацола беше инспирацијата за Хели да ја проучи уметноста на бандонеонот. Доби покана да студира со Петар Соаве (САД) кој го жирираше натпреварот “Астор Пијацола”. Таа го свиреше нејзиниот дебитантски концерт во 2010 година како солист заедно со симфонискиот оркестар на Универзитетот Јиваскила со што стана првиот и единствен бандонеонист што изведува Концерт на бандонеон заедно со оркестарот “Аконкагва” во Финска.
Јелена Томашевиќ на 16 ноември настапува на фестивалот „Музика од светот“во Битола.
Јелена Томашевиќ Босилчиќ е вокален интерпретатор на поп музиката со силно изразени гласовни можности и вештини.
Од победата на детскиот наптпревар „Шаренијада“ на седум годишна возраст, преку победите на телевизискиот натпревар за млади таленти „ТРИка дур“, победите на Беовизија во 2005 и 2008 година, настапот на Евровизија во 2008 година, настапот во филмот „Ивкова слава“, учеството во мјузиклот на Ивана Жигон „Бели жерави“, Јелена стана високореспектирана и барана ширум Европските сценски простори.
Нејзиниот прв албум „Панта реи“ во продукција на Минакорд стана најпродаван и најслушан албум во регионот, а вториот студиски албум објавен во 2015 година повторно и донесе голем успех кај публиката, критиката и колегите.
Јелена е една од ретките која успеала два пати последователно во 2016 година да ја наполни концертната сала на Сава Центарот во Белград, Србија.
Со години реализира концерти во Србија и регионот и успешно ги освојува срцата на публиката и стручните лица од областа на поп музиката.
Општина награди петмина ученици од основните и средните училишта во градот по повод празникот на Битола. Парични награди од по 5000 денари им се доделени на ученичката од Горната гимназија Мила Ивановска , за постигнувањево математиката. Наде Смилевска од четврто одделение од ОУ „Св.Кирил и Методиј“за покажан успех во шах. Наградена е и ученичката од Нижото музичко училиште Софија Михајловска која свири пијано, како и Андреја Велјановска од Средното медицинско училиште градски првак во куглање. Антонио Дамјановски од ОУ „Климент Охридски“ е награден за постигнати успеси во мото крос.
редакција Апла.мк