
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Се уште не се знае која е причината за смртта на битолчанецот кој вчера беше пронајден мртов во својот дом на улицата „Димче Лахчански“ во Битола. Неофицијално сега починатиот маж на возраст од шеесетина години бил во двонеделна самоизолација откако неодмна, како што велат соседите, се вратил од Англија. Тие тврдат дека човекот живеел сам, но, немал здравствени проблеми. Поради тоа што не одговарал на повиците на роднините, тие повикале полиција. Од починатиот е земен брис, за да се утврди дали причина за смртта е КОВИД 19 или нешто друго.
Ве известуваме дека во текот на вчерашниот ден, во попладневните часови, дојде до краток спој во едно од електричните кола на електростатскиот филтер на Блок 2 на РЕК Битола. Стручни лица од комбинатот работеа непрекинато изминатата ноќ на отстранување на дефектот и состојбата утрово е нормализирана.
Во меѓувреме, РЕК Битола продолжува со континуирано производството на електрична енергија од Блок 2 и Блок 3, додека Блок 1 се наоѓа во редовен годишен ремонт.
Починато машко лице било пронајдено денес во стан на улица „Димче Лахчански“ во Битола. Веста дигна голема прашина на социјаните мрежи и меѓу жителите на Битола. Засега има само неофицијална информација дека починатото лице било во самоизолација.
Од полција само ја потврдуваат смртта и тоа дека направиле увид и работат на расчистување на случајот.
Владата на денешната, 31 седница, донесе измени на уредбата за ограничено движење за да им излезе во пресрет на сопствениците на домашни миленици. Со овие измени и дополнувања се утврдува дека за време на викендите дозволено е шетање на милениците од 20:00 до 20:30 часот, најмногу до 100 метри оддалеченост од живеалиштето, како што предлага Ветеринарната комора
АД ЕСМ симболично ги раздвои елементите во своето корпоративно лого во насока на подигање на јавната свест за потребата од социјална дистанца во услови на пандемија. Пораката на логото е ,,Да се држиме заедно, но да одржувамe дистанца”.
АД ЕСМ секојдневно ги охрабрува своите вработени да ги почитуваат сите препораки на надлежните органи, со цел што побрзо да ја надминеме кризата и предизвикот со кој сме соочени.
Битола не е меѓу градовите во кои во изминатите 24 часа беа регистрирани новозаболени пацинети од Ковид 19. Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција изјави дека потврдени се 26 нови случаи , од кои во Дебар 1, Скопје 19, Прилеп1, Куманово 3, Тетово 1, Крива Паланка 1. Вкупно на територијата на државата има 285 лица заболени од Ковид 19. .
