
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Битола до вчера имаше 256 битолчани кои се во самоизолацијата и други 18 лица кои се во контролирана изолација, па ги проверува и полициска екипа, соопштија за Апла.мк од СВР Битола. Во оваа статистика не се вклучени нашинците кои се во карантин во два хотела во Битола. На ниво на Секторот за внатрешни работи-Битола, кој опфаќа шест градови меѓу кои Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод во изолација има вкупно 648 граѓани.
Ж.З.
На денешен ден, 30 март во 1922 година во Битола е роден Славко Лумбарковски, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.
Основното јавно обвинителство Битола денеска до Основниот суд Битола поднесе предлози за определување казнени налози против вкупно 20 лица, сите обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Денешниот златен залез на сонцето и изгрев на млада месечина со својот објектив ги "улови" Јован Наумовски, кој е уште една потврда дека креативноста кај некои луѓе нема граници дури и во време на ограничено движење кога на сила е полициски час.
