2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Викендов речиси 2000 гледачи го следеа филмскиот маратон на 3 Д киното во Битола организиран од Центарот за култура.

-Сега во 2019 го прославивме 6 роденден на 3 Д киното овој викенд со филмски маратон на кој присуствуваа скоро 2000 кино почитувачи. И се потсетивме зошто Центарот за култура е храм и на кино културата за Битола. Таа дигитална кино опрема, набавена тогаш и на 6 роденден не потсетува дека сме сеуште првото дигитално кино во Битола кое и денес работи со исклучителна екипа која знае зошто киното е важно за Битола, вложува напори да ги донесе најатрактивните наслови-блокбастерите, но и да даде простор на рафинираната кино публика која е почитувач и на европската кинематографија, но и на исклучителните кинематографии од различни држави од светот, да даде простор и на Контра кадар иницијативата која нуди вонвременски филмски остварувања и организира дебати по нивните проекции...таа екипа на Центарот за култура со големо нетрпение го очекува 250 000 тиот посетител до крај на оваа година, кој ќе го награди, велат од Ценатарот за култура во Битола.

74224125 1298758113645928 9156060145455726592 n

За прв пат во село Долно Српци се гради парк. Со изградбата на овој парк и опремување на истиот со современа урбана опрема и хортикултурно уредување, овој дел од село Долно Српци ќе претставува уреден простор за одмор на жителите од оваа населено место.

“Жителите на село Долно Српци ќе добијат катче, комплетно уредено со урбана опрема, детски реквизити, осветлување и соодветно хортикултурно уредување. Ние како локална самоуправа ќе продолжиме со подобрувањето на условите за живот на граѓаните во населените места во Општина Могила.” - изјави Јасмина Гулевска, градоначалник на Општина Могила.

Изградбата на паркот во село Долно Српци е еден од предвидените шест паркови кои ќе бидат изградени во населените места во Општина Могила.

Од Општина Могила апелираат граѓаните да ги чуваат и одржуваат парковите, затоа што тие остануваат во нивна сопственост и за нивни потреби.

73322579 2608856492704782 1054351120400384000 n

73145422 2608856626038102 546202480069836800 n

За Солуна, За Стамбола Неа Не Давам... (Неделна Рубрика)

По завршувањето на секое мое предавање, учесниците пополнуваат фидбек кој е анонимен. Kако се менува мојот пат, така и темите кои ги бараат се менуваат. Читајќи ги повратните информации забележав дека повеќе од 50% бараат наредното предавање да биде посветено на стравот. Размислувам... многу често и сама себе се прашував како би изгледал мојот живот ако не би чувствувала страв? Замислувам како ,, слободно би дишеле“ ако сме доволно храбри да се соочиме со сѐ што доаѓа, со црното сценарио во нашата глава, со тоа што ќе не пресретне, а не сме го барале и не сме биле спремни - болест, смрт, несреќа, разделба, егзистенција, развод, страв од иднината, од осаменост, неуспех, паничен напад, од самиот живот, од емотивно повредување...ги има над милион.

Само за момент помислете на сите стравови кои ве прателе низ животот до сега. Дефинирајте го најголемиот страв, она што го има приматот сега. Освестете се дека постои во вашето тело. Во кој дел од него? Што точно чувствувате додека мислите на него, што можете да проектирате во вашиот ментален простор и слушате истовремено? Колку долго е присутен тој страв во Вас?

Волшебна формула за стравот не постои. Колку повеќе му се опирате, толку повеќе ќе биде присутен во вашиот живот. Стравот понекогаш е десна рака на егото кое ти вели дека не си доволно добар да успееш. И нема магија која ќе ви помогне да го уништите целосно, но има начин да го прифатите како дел од себе и да слушате која е смислата на неговото постоење во Вас. Затоа што иако не изгледа така, се има своја смисла.

Да се биде на границата меѓу живот и смрт не е толку честа појава низ животот, па затоа не зборуваме што би правеле со стравот и стресот кој од него се појавува. Нити пак зборуваме за реален страв кој нѐ штити од повреди и кој покренува акција кај нас (да се тргнеме од улица за да не загинеме од брзиот автомобил). Стравот за кој овде зборуваме може да е креација во нашиот ум или да е поттикнат од околности во кој се наоѓаме. Кога така размислуваме добро е да се прашаме : Што во најлош случај може да ми се случи ако се оствари ова од што се плашам? Тогаш го замислувате најцрното сценарио, го прифаќате и му погледнувате во очи на стравот. Од тој момент се прашувате себе: Ако сум доволно храбар/а да се соочам што би направил/а во врска со тоа да го решам или прифатам тој страв? Се генерираат акции и можни решенија. Трето: Што е тоа што уште утре можам да го направам, кој е тој мал чекор поради кој би се чувствувал дека се движам. Дефинираш еден чекор кој го правиш уште другиот ден. Секој ден правиш по еден чекор кон целта – да му погледнеш на стравот в очи. Додека попатно се поврзуваш со стравот и знаеш дека не е случајно тука, дека неговото постоење е за да те штити од нешто. Последно се прашуваме: Дали во овој живот кој нема реприза сакам да го негувам овој страв до крајот?

Пример: Некој (а тој некој, бев јас некогаш) има страв од јавен настап. Кога ќе се прашате : Што најлошо може да ми се случи? Можно е да добиете одговор- да ме исмеваат ако погрешам нешто, да се блокирам, парализирам. Првиот чекор е прифаќањето дека тоа може да се случи. Нареден чекор-акција.

Она што се крие зад стравовите обично се уверувањата кои се во нашата основа, во нашата слика за себе, а ни ги всадиле трети лица или произлегуваат од тоа како ние се однесуваме према нашите триумфи и порази, како и (не) довербата што ја имаме кон самите себе. Но, не е доволен само текст туку учење,длабинско разбирање на самите себе и нашите досегашни искуства.

Следното предавање со фокус на СТРАВОТ како нормална емоција и перцепција на опасноста која може да се менува со промена на разбирањето и учењето ќе се одржи во ноември.

Пишува: м-р Билјана Галовска НЛП тренер & коуч

Од четвртокот до вчера, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот равој, ги исплати субвенциите за предадено млеко и оризова арпа во износ од 195 милиони денари. Од оваа сума 153,4 милиони денари се за редовна субвенција за предадено кравјо, овчко и козјо млеко на 6 742 сточари и 41,4 милиони денари за дополнителна субвенција од 5 денари за предадена оризова арпа на 1 130 земјоделци, соопшти Медотија Илиевски, начаник на Подрчаното одделение за земјоделство во Битола.

Шумската полиција откри голема површина на бесправно исечени стебла од висока букова шума во Шумската стопанска единица „Јабланица“ Струшко во оддел 3, кој според нашите извори од полицијата е недозволен за сеча. Тоа е на границата кај Дебар и Струга. .

ОУ „Стив Наумов“ годинава го одбележа својот патрон празник во знакот на екологијата. Учениците на ликовниот и литературниот конкурс твореа на тема „Кажи ѝ гласно на планетата Земја“, со цел внимание да се сврти кон свесно размислување за тоа колку и како може да се продолжи животот на планетата Земја.

На 24 октомври во СВР Битола, 41-годишна жена од Битола пријавила дека во периодот од 15 до 24.10.2019 нејзината малолетна ќерка била физички нападната од нејзин соученик. Се работи на рачистување на настанот.

СОНК не го прифати предлогот на Министерството за образование и Владата за зголемување на платите во  образование и наука за 10 отсто,  од април 2020 година и најави штрајк за 11 ноември годинава.

Претседателот на СОНК Јаким Неделков вели дека нивното барање е зголемувањето од 10 отсто да почне од јануари, но може да се преговара и за поголемо зголемување.Бараат и измени и дополнувања на колективните договори за основно и за средно образование во кои ќе се иницираат регрес за годишен одмор, надоместоци поврзани со превоз на вработените, прекувремените наставни часови кои досега воопшто не се исплаќале и ревидирање на плаќањето во комбинирана настава.

Неделков на денешната прес-конференција, рече дека доколку не се исполнат нивните барања ќе се одржи штрајк со прекин на работниот процес во основните, средни и високообразовните институции.

Премиерот Зоран Заев побара продолжување на преговорите на СОНК и Министерството за образование за зголемување на платите во образованието за да се најде решение прифатливо за двете страни.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани