
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Драги колегиници од власта...
Неможејќи со аргументи и политички да ја докажите својата "способност" да го водите градот, безидејноста и работењето и да се справите со критиките од мене и од мојата колешка Габриела Илиевска, кои секојдневно ги добиваме од граѓаните, почнавте да се служите со фашистички систем, полош дури и од груевизмот за ширење на лажни вести и обид за лично омаловажување и обид и приватно да не понижите пред битолчани. Доколку сум бил осудуван за вакво дело за кое ме клеветите сигурно не би бил член на советот. Во овие 2 години наместо да сработите нешто вие сте се фатиле да се расправате со нас, како да сме градски непријатели број 1, како да сме терористи!!! “Бомбашки“ напади имало и ќе има како што вели вашиот Бошко Буха и нема да не застаните да се избориме за битолчани. Битола мора да биди поинаква!!!
Не знам само како ќе се испулиме во очи од утре во советот и како евентуално ќе работиме за арното на битолчани. Дел од вас, со кои многу добро се познаваме, сеуште имате дома по вентијагите шо ги носевте од протестите, владимирки и флаери за чист воздух. Флаери кои јас ги печатев и кои ги делевме заедно укажувајќи им на битолчани ДЕКА УМИРАМЕ, дека Двојче не уништи, дека РЕЖИМОТ мора да падни, дека мора да се ослободиме, дека Битола мора да има чист воздух?! Тогаш се боревме за Живот, ви текнува? За живот за сите во Битола. Тогаш се боревме за сега да бидите бетер од криминалците. Јас ви ги полнев балоните со боја и ги координирав протестите со тогашното раководство (да не ги споменувам) од вашата партија а сега наеднаш сум најголем политички непријател, ама и личен непријател бидејќи и приватно сте во обид да ме уништите, бидејќи ви сметам во уживањето во власта.
Од друга страна, за дел од Вас, пак, ми е жал што сте партиски заробени, што ве викнале овде за сликање и што не можите да гугните ништо против партија оти ве имат во д’жебчето пикнато. Ве држат поради партиските вработувања кои ги имате за вашите најблиски и бенефитите кои лично ги уживате откако дојдовте на власт. Знам дека меѓу Вас има и свесни, и со прекрасни идеи и сваќања, без лични намери кон мене ама партијата мора да се почитува. Е тоа ќе ве уништи колешки...
Парламентарните избори за кои се спремате и поради кои повторно не ќе можите да работите за битолчани, за каде сте избрани, ќе ви бидат лекција за вашата ароганција и злоба. Ми е жал само што ќе го вратите Грујо на власт повторно.
Очекувам и медиумите, како сервис на граѓаните, кои редовно ве пренесуваат само вас, дека ќе ја објават и оваа моја реакција во целост во однос по вашиот прес во врска со вашето барање и дека нема во името на слободата на говор и демократијата да ги бришат и понатаму коментарите од граѓаните кои редовно ги добиваат.
Што би рекла една од вашите колешки, јас жените не ги делам ниту по пол, ниту по род.
....Ве сака колегата Чулакоски.
П.С. Се надевам дека и на наредното караоке ќе имам можност да ви пуштам музика.
(Соопштението Апла го пренесе во целост)
Општина Битола и Владата вчера го потпишаа договорот за 2, 5 милиони евра за субвенционирани инвертери.
Градоначалничката Петровска рече дека покрај 5 милиони денари што се издвоени за Програмата за животна средина, други средства обезбедени интрасекторски, парите кои ќе стигнат од Владата ќе бидат дополнително засилување во износ од 155 милиони денари или 2,5 милиони евра за субвенционирани инвертери за битолчани што е повеќе од 0, 25 проценти од буџетот на Општината , издвоен за животна средина, за што обвинуваше опозицијата дека средствата се минимални.
Во новата 2020 година првите консументи на гасификацијата ќе бидат Фабриката Цермат, Битолската млекарница Бимилк, Сокотаб, Средното земјоделско училиште, Ветеринарниот факултет и други објекти кои најпрво ќе се приклучат на гасоводната мрежа, најави градоначалничката Наташа Петровска на денешната седница на Совет образложувајќи го буџетот.
ЈП “ Стрежево” – Битола, како субјект кој стопанисува со ски центарот Ниже Поле, продолжува со конкретни инвестиции во модернизација на ски центарот преку подобрување на патеките и безбедно скијање во интерес на нашите посетители, објави директорот Менде Граматковски.
„Ова не е чудовиште, ова е секој од нас“, вели Класнето за скулптурата на човек изработена од ѓубре.
Таа е дел од изработките од смет кои ќе бидат изложени вечерва во Центарот за култура в Битола, како дел од герила акцијата „Свеста е луксуз“.
„Оваа скулптура е секое дете, тинејџер, родител, баба, дедо, човек, нечовек… Ова е секој кој смета дека во оваа наша убавина од Господ дадена и наречена Пелистер треба да оди да се изнаужива, нагости и да остави ѓубре. Секој вљубеник во спортот кој живее за да оди на натпревар и остава рид од исплукани семки пред себе. Ова е секој ученик на кој ‘случајно’ му паѓа шишето за време на одмор и го остава на земја некој друг да го мисли. Или пак под клупа. Ова е секој родител кој не реагира кога детето ќе фрли нешто на земја. Ова е секој заљубен пар кој на своите прошетки низ паркот смета дека грмушката е корпа и дека саксиите за цвеќиња се пепелници. Ова е секој пушач кој мисли дека токму за неговите отпушоци има еден вработен во комунално претпријатие“, вели Марија Магдалена Петковска Микаровска, позната по иницијативата „Мети си со Класнето“.
Им се соопштува на граѓаните дека по повод Новогодишните и Божиќните празници, КЈП Нискоградба ќе работи по следниот редослед:
Наплатен центар
-30.12.2019 со полно работно време
-31.12.2019 до 12 часот
Наплатниот центар нема да работи во периодот од 01.01.2020 заклучно 07.01.2020.
Наплатниот центар ќе почне со работа на 08.01.2020
Управа
Управната зграда нема да работи во периодот од 30.12.2019 до 10.01.2020
Со работа почнуваме на 13.01.2020
ЈКП Нискоградба
