
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
СОНК не го прифати предлогот на Министерството за образование и Владата за зголемување на платите во образование и наука за 10 отсто, од април 2020 година и најави штрајк за 11 ноември годинава.
Претседателот на СОНК Јаким Неделков вели дека нивното барање е зголемувањето од 10 отсто да почне од јануари, но може да се преговара и за поголемо зголемување.Бараат и измени и дополнувања на колективните договори за основно и за средно образование во кои ќе се иницираат регрес за годишен одмор, надоместоци поврзани со превоз на вработените, прекувремените наставни часови кои досега воопшто не се исплаќале и ревидирање на плаќањето во комбинирана настава.
Неделков на денешната прес-конференција, рече дека доколку не се исполнат нивните барања ќе се одржи штрајк со прекин на работниот процес во основните, средни и високообразовните институции.
Премиерот Зоран Заев побара продолжување на преговорите на СОНК и Министерството за образование за зголемување на платите во образованието за да се најде решение прифатливо за двете страни.
На 24.10.2019 во 17.00 часот во СВР Битола, 33-годишна жена од Битола пријавила дека околу 16.00 часот кај населба Баир две малолетни лица извршиле обљуба врз нејзиниот малолетен син. За настанот биле известени Јавен обвинител, социјален работник и над детето бил извршен преглед. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ученици, наставници и вработени од ОУ„Гоце Делчев“-Битола како и претставници од Халк банка денеска засадија нови садници на зелените површини во дворот на училиштето, донација од банката. ОУ„ Гоце Делчев“ – Битола се вклучи во проектот „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“. Тоа е ЕКО училиште со статус Зелено знаме што е највисоко признание во еко мрежата, со кое може да се стекне едно училиште, велат од училиштето.
Успешна реализација на манифестацијата „Незаменливиот вкус на традицијата“ во организација на Здружението за едукација на земјоделци „Зелена берза“-Битола.
Сите вкусови и бои на традиционалните македонски производи денеска беа претставени на втората по ред манифестацијата „Незаменливиот вкус на традицијата“ во организација на Здружението за едукација на земјоделци „Зелена берза“-Битола.
Саемот кој има за цел да ја промовира традиционалната македонска храна ги собра на едно место земјоделци, производители и иноватори на нови вкусови од сите страни на Македонија.
Промотивниот настан за поттикнување и развивање на органското производство беше поддржан од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија.
Учесниците на манифестацијата „Незаменливиот вкус на традицијата“имаа можност да чујат стручно излагање од Горан Колев од „Процерт“-сертификациско тело кое е акредитирано и овластено за сертифицирање на органски производители, за начинот за сертифицирање на производите во органски производи.
-Во државата се сертифицирани околу 1.000 субјекти, дел за растително производство, но има и сточари, пчелари, преработувачи, трговци и други. Тие во секојдневието се среќаваат со различни проблеми, малите производители се соочуваат со проблеми со пласманот, не се достапни до купувачот, или не се доволно информирани со кои заштитни средства може да се заштитуваат одредени производи, изјави Колев, претставник на сертификациското тело, акредитирано за контрола и овластено од МЗШВ.
Изведбата на северната трибина на Градскиот стадион под Тумбе кафе, во напредна фаза на реализација. Ликот веќе може да се дефинира, објави Општина Битола.
Дали бившиот градоначалник на Битола Владимир Талески , обвинет за случајот „Транспортер“се вклучува во претстојната кампања за следните парламентарните избори најавени за во април. Ова е прашањето што се наметнува откако Талески вчера присуствувал на прославата на партијата во Прилеп по повод празникот 23 Октомври-Ден на Македонската револуционерна борба. Талески ретко може да види низ битолските улици, но затоа пак, каде е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, тој е речиси секаде присутен. При посетите на Мицковски во Битола, Талески е секогаш блиску до него. Останува да се види дали лидерот на опозицијата ќе го вклучи Талески во престојната кампања .