
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Познатиот македонски композитор Љупчо Костадинов е годинешниот добитник на наградата ,,Голема ѕвезда на македонскиот филм" на 40 издание на фестивалот ,,Браќа Манаки". Оваа награда ја доделува Друштвото на филмските работници во Македонија.
Нови фасади, замена на старите прозорци со ПВЦ дограма , нови подови, санитарни јазли, парно греење... Три училишта во Општина Могила во селата Добрушево, Радобор и Долна Чарлија ова лето се обновуваат.
-Пред прагот на новата учебна година во три училишта во Општина Могила интензивно се работи, се доградуваат и реконструираат со цел да се подобрат условите за учениците и наставниците, вели градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска.
Забрането е искористување на фотографии од порталот Апла.мк без да се наведе изворот! Непрофесионално е да се крадат и злоупотребуваат фотографии од нашиот портал и да се користат за нечие исмејување или величење. Овој пат нема да го именуваме лицето што го направи тоа, но случајот ќе го пријавиме во Советот за етика. Доколку не ги повлечи, без дозвола земените фотографии, ќе следува и тужба.
На плац кај Буковски ливади, поточно на улица „Буковски Мост“ вчера сабајле околу 4 часот од засега непознати причини се запалил камион „Ивеко Стралис“ и две полуприколки со битолски регистарски ознаки, сопственост приватна на фирма. Од СВР Битола извршиле увид.
Во гаснењето на пожарот интервенирала битолската Противпожарна единица со две возила и неколку пожарникари. Од таму за Апла.мк велат дека на истиот плац имало пет камиони, а оној кој се запалил не бил возен десетина дена. Со интернецијата спречиле пожарот да се рашири и врз другите камиони.
Се истражуваат причините за пожарот, а не е исклучена можноста да бил подметнат.
Времето утре ќе биде сончево и топлоа, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, особено изразен во југоисточните делови.
Темпетатурата во Битола ќе се искачи до 35 степен.
Деновиве, во рамките на втората етапа од чистењето на реката Драгор, се работи на расчистување во делот од Железничкиот мост до Мојсов мост, соопштина од Општина Битола. Екипите на КЈП „Нискоградба“, со помош на ровокопач и камион, ги отстрануваат наносите, ѓубрето и обраснатите делови на овој потег кој не беше исчистен од вегетација со години.
Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски и градоначалниците од Пелагонискиот регион на денешната седница на Советот на Пелагонискиот планкси регион, потпишаа договор за финасирање на проектите наменети за општините во овој регион