
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во дворот на училиштето „Даме Груев“ во Битола денес се стави камен темелник за изградба на покриен базен, кој е дел од проектот за изградба на 14 пливачки базени на Агенцијата за млади и спорт. Директорот на Агенцијата Дарко Каевски рече дека рокот на изведба е 18 месеци, но според изведувачите можно е да биде готов на крајот на годинава или на почетокот на 2021 година. Инвестицијата е 43 милиони денари.
Дополнителниот министер за земјоделство во техмчката Влада, Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, денеска го посети Пелагонискиот регион и во изјава за медиумите рече дека поради лошите политики на оваа власт земјоделците се без сигурна егзистенција.
Во наредните денови почнувајќи од понеделник, 17. 02. 2020 година, па натаму, поради изведба на градежни канализациони работи на локалниот пат за село Трново ќе има трајни или повремени прекини на сообраќајот во периодот од 08 до 14 часот на потегот од кај кафеаната Шумски фенери па нагоре, поради што се препорачува внимателно возење.
Боровинката, најсобираната бобинка на Пелистер, се сели на повисоките планински предели и е со намален плод. Последица е на притисокот од инвазивните растенија, молика, ела, смрека и најверојатно како резултат на глобалното затоплување. Пелистер дава по 200 тони годишно боровинка, но просечната големина на плодот е намалена, вели Тошо Арсов, професор од Факултетот за земјоделски науки и храна, експерт за самоникнати растенија.
Од понеделник во 31 огранок на Здружението на пензионери при месените заедници во регионот на Битола започнува постапката за запишување на огревно дрво за пензионерите. Предвидени се 7000 метри кубни дрвна маса да се распредели на пензионерите од градот Битола и околните села, а огревот да може да се плати на рати. Кубик буково дрво ќе изнесува 2800 денари, а дабово 2900 денари. Од Здружението на пензионери соопштуваат дека запишувањето за огревно дрво ќе трае се додена не се потрошат количините.
Врз основа на добиено известување од Агенција за катастар на недвижности, а согласно
склучениот договор за теренско прибирање на податоци за улици и куќни броеви помеѓу Агенцијата и ангажираната фирма, во периодот од 24.02.2020 до 04.05.2020, екипите ќе прибираат податоци на територијата на Општина Битола. Теренското прибирање на податоци за улици и куќни броеви ќе опфати просторни и описни податоци за сите улици и објекти, во сите населени места на Општина Битола.
Во врска со горенаведеното, Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, упатува апел до жителите на Општина Битола, во наведениот период да им излезат во пресрет на екипите кои ги прибираат теренските податоци, да им ги дадат потребните податоци и информации и да им овозможат фотографирање на објектите.
Од востановениот Адресен регистар придобивки покрај Агенцијата за катастар на недвижности, ќе имаат сите државни институции, како и сите правни и физички лица во Република Северна Македонија. Со него ќе се овозможи брз и лесен начин за пребарување и идентификација на улиците, зградите и становите во просторот, ќе се поедностават и скратат роковите за воведување на нови улици и ќе се осигура точност на податоците.
