
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денеска децата од градинката ,,Мајски Цвет” во придружба на нивните воспитувачки и директорката на градинката го посетија ЈКП „Водовод“ . Најмладите изведоа рецитал од неколку стихотворби и песнички и поделија рачно дизајнирани честитки и испратија порака за среќен 8-ми Март до сите жени во претпријатието.
Рек Битола потпиша договор за набавка на 6 еколошки автобуси на природен гас за превоз на работниците. Јавната набавка ја доби фирмата ,,Аутомакедонија”, која ќе треба да ги испорача автобусите најдоцна за 8 месеци.
Автобусите ќе бидат од јапонскиот производител ,,ИСУЗУ”,и нивната вредност е 1,4 милиони евра.
На 3 март во 1920 година во селото Лавци, Битолско, во сиромашно земјоделско семејство, роден е Пецо Гудовски.
Општина Битола направи пристапна патека за лицата кои го посетуваат Дневниот центар за лица со интелектуална и телесна попреченост на улицата „Васко Карангелевски“. Вредноста на овој проект е околу 60.000 денари.
