
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолчани не можат без коледарски огнови, тоа го докажаа и годинава. Не е еколошки, не е верски обред, но факт е дека е традиција врежана во колективното однесување со десетици години. Ако се изезмат пијанките, дружбата околу огнот барем е чин на социјализација.
Долга колона возила се создаде попладнево на патот за Пелистер веднаш над бензиската станица "Макпетрол".
Поради подмрзнатиот коловоз, сообраќајната полиција го регулираше сообраќајот и за кусо време забрани движење со возила кон Пелистер.
Шпекулации се информациите што се шират на социјалните мрежи дека некој го ископал мразот на лизгалиштето во Битола и сечел цевки.
Зоран Дојчиновски, директорот на Јавното претпријатие за паркинзи, кое стопанисува со лизгалиштето во телефонски разговор за Апла.мк соопшти дека не се случила никаква саботажа, како што се пишува на фејсбук. Тој објасни дека поради голема посетеност од преку 400 лизгачи, се истанчил мразот и се јавил проблем со една од цевките. Вработени лица во претпријатието го санирале дефектот и денес лизгалиштето работеше без проблем.
Дојчиновски вели дека лизгалиштето е под надзор 24 часа и нема никаква шанса некој да го оштети.
Ж.З.
Снегот ја побели Битола, давајќи ѝ посебна драж за време на големите верски празници кои престојат. .
По секој крај следува нов почеток, па така една промена повлекува друга и единствена константа на животот станува - ПРОМЕНАТА. И кога сакаме и кога не сакаме сѐ се менува и ништо не останува исто, се менуваме и ние. Некои процесот на стареење го прифаќаат со радост други сѐ уште во цутот на младоста прават милион корекции незадоволни од себе. Незадоволството не доаѓа од она како изгледаме, туку од начинот на кој се перцепираме себеси, од начинот на кој се сакаме себе и уживаме во нашето сопство.
Деновиве имав можност да прошетам повеќе од вообичаено во битолските кафулиња и забележав дека има прекрасни млади личности полни со филери, ботокси, свилени трепки, парче облека и многу алкохол. И не дека имам против, но сите беа убави и без тоа. Понекогаш само треба да се сетиме дека - сѐ што правиме и сѐ што ни треба, а е надвор од нас ние го правиме за да почувствуваме некое задоволство внатре. Ајде едноставно кажано, сѐ што правиме е за да се чувствуваме подобро, односно да почувствуваме некоја емоција. Пиењето алкохол за да се опуштиме, носењето провокативна облека за да не забележат, филерите и трепките за да ни ја подигнат самодовербата, парите да уживаме во животот, лајковите по социјалните мрежи да ја „отсликаат убавината” на нашиот живот. Како на некој да му е грижа за тоа. Сѐ што се прави има краткотраен ефект. Само кај тинејџерите е нормално тоа, затоа што созревањето е во тој период и се она што е надвор влијае на она што се доживува внатре. Откако ќе помине тој период се што останува од него е комплекс и потсвесно креира несвесен живот.
Ви посакувам во новата година да анализирате кои вредности ги почитувате, што ви е вам важно, што сакате да постинете и која одлука сакате да ја донесете, а на што да ставите крај. Да погледнете колку сте единствени, колку сте вредни и убави, колку успеси сте постигнале до сега. Да ставите крај на се токсично во вашиот живот и да се прегрнете себе со многу љубов за себе. Да бидете храбри да се соочите со вашите предизвици, да имате трпение на патот на остварување на вашите цели, да станете свесни дека вашиот живот е само ваш и Вие ги одредувате правилата во него, да се љубите себеси искрено за да можете да љубите и други. Затоа што се што ни треба однадвор за да бидеме среќни го немаме внатре во себе. А кога го имаме во себе, се пристигнува во нашиот живот и станува дополнување на она што е внатре.
Понекогаш патиштата се трнливи и болни, но тоа не значи дека не нѐ водат до саканата дестинација. Кога страдаме учиме за себе, а тука сме да ја оствариме нашата мисија на земјата. Ако имаме во предвид дека секој од нас пополнува единствено место во неа кое никој не може да го замени, тогаш запаметете на почетокот од годината дека сте ЕДИНСТВЕНИ и тоа имајте го во предвид секој нареден ден цела година.
Пишува: м-р Билјана Галовска НЛП тренер и коуч, предавач на Бизнис Академија Смилевски
(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)
Во битолското дело Буково вечерва беше отворен Клуб на пензионери.
Два пожари истворемено, денеска после 14 часот се случија во Битола.