2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

По прославата на плоштадот Магнолија, градоначалничката ја посети дежурната екипа на Итната медицинска помош во Здравствениот дом „д-р Хаим Абраванел“ во Битола. Таа им ја честиташе Ногата година и на медицинскиот тим кој  највеселата ноќ во Битола ја мина работно, во служба на здравјето на граѓаните. 

На плоштадот„Магнолија“ во Битола, синоќа голем број битолчани ја дочекаа Новата 2020 година. Со музичка програма, која започна во 21 часот, пред битолската публика синоќа настапија ДЈ Рикардо, Кон Тру ДЈ и Фанк‘ Д Ап Бенд, за крај, како кулминација на вечерта, настапи Зарина Прва севда со својот бенд, изведувајќи македонски народни песни.

Неизбежниот Дедо Мраз им ја честита Новата година на битолчани, со желби за добро здраве, успех и просперитет на сите, а точно на полноќ градот беше осветлен од голем огномет.

Првото бебе што се роди во Битола во Новата 2020 година е женско. Кога првото новородено е женско се верува дека годината ќе биде плодна и беиќетна! Евгенија се роди спонтано, само пет минути по полноќ.evgenija

.

Јавните претпријатија Водовод, Нискоградба и Пазари на своите вработени, граѓаните на Битола и на Република Северна Македонија им посакува среќна Нова година! 

НУ Центар за култура од Битола на своите вработени, граѓаните на Битола и на Република Северна Македонија им посакува среќна Нова година! 

Јавното претпријатие „Стрежево“ на своите вработени, граѓаните на Битола и на Република Северна Македонија им посакува среќна Нова година! 

АД ЕСМ подружница РЕК Битола, на своите вработени, граѓаните на Битола и на Република Северна Македонија им посакува среќна Нова година! 

Синдикалната организација на Клиничка болница од Битола заедно со менаџерскиот тим на Болницата организираа детска новогодишна претстава од Народниот Театар- Битола. Тие заедно со Дедо Мраз ги израдуваа најмладите на вработените од Болницата доделувајќи новогодишни пакетчиња.nova godina 2

„Да ја искористиме оваа прилика и од името на менаџерскиот тим на ЈЗУ Клиничка болница Битола да им ја честитаме Новата 2020 година прво на нашите вработени, на нашите пациенти и на сите граѓани на Битола со желби за многу здравје во Новата година, успех и благосостојба“, рече портпаролката на Болницата, Сузана Конеска.nova godina 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани