
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Лазаревац, Р. Србија на 10. И 11. Октомври 2019.год. се одржа Втора национална смотра и Прва регионална смотра на хортикултурни библиотеки во организација на Мирко С. Марковиќ главен раководител на мрежата за хортикултурни библиотеки и библиотека домаќин Национална библиотека „Димитрије Туцовиќ“ од Лазаревац кои се погрижија за многу богата Агенда во која беа вклучени и повеќе работни средби и договори со учесниците.
Во мрежата на хортикултурни библиотеки активно зедоа учество претставници од Р. Србија, од Лазаревац, Чајетина и Кикинда, од Р. Српска Зворник, од Босна и Херцеговина Тузла, од Хрватска Винковци и од Р. Северна Македонија Битола. На средбата беше присутен и Ласло Блашковиќ, директор на Народна библиотека од Србија.
Претставници на библиотеките од регионот ги разменаа искуства од библиотечните активности поврзани со хортикултурни библиотеки, како и од спроведување на активности од УНЕСКО – ва програма УН Агенда 2030 за влијанието на библиотеките врз потребите на заедницата.
Во работниот дел се дефинирани целите, принципите на работа, заеднички проекти и ширење на мрежата во одделни држави и донесување на одлука за потпишување на основачки акт за формирање на хортикултурна мрежа на библиотеки.
Учесниците од НУ УБ „Св. Климент Охридски“,м-р Јелена Петровска, библиотекар советник во Одделот за развој на библиотечната дејност и проф. Даниела Ќурчиевска, член на Управен одбор на библиотеката, воспоставија контакти и работна средба со претставници на РЕ Колубара во врска со промовирање на еколошки проекти, особено проект за рекултивација на површините во РЕК Битола, по примерот на РЕ Колубара кои со години ги развиваат сличните програми. На тој начин библиотеката ги остварува целите кои се однесуваат на одржливиот развој особено во сфера на екологија, одржливоста на расположливи ресурси како дел од концептот за т.н. паметни градови. Библиотеката ќе продолжи со активно учество во еколошките програми и подигање на свеста за зачувување на околината и воведување на нови иновативни програми за своите граѓани.
Редовната 159-та седница на Владата се одржа во Битола, како прва седница во низата што во наредниот период ќе се одржуваат во различните региони во државата. На седницата присуствуваа, и во нејзината работа учествуваа и градоначалниците од пелагонискиот регион, од општините Битола, Прилеп, Крушево, Кривогаштани, Долнени, Новаци, Могила и Демир Хисар, а министрите во Владата реферираа за активностите на секој од ресорите во пелагонискиот регион, особено во делот на патната и комуналната инфраструктура, како и за напредокот во изградбата на примарниот гасовод на потегот Неготино-Прилеп-Битола.
Штерјовски Гордан од Велес, стана милионер.
Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, беа на увид на новата пречистителна станица, клучна за животната средина и Пелистер. Оваа пречистителна станица е една од предностите што ги има Општина Битола и Националниот парк „Пелистер“, истата претставува голем потенцијал за развојот на туризмот во Општина Битола.
„Во рамки на проектот за подобрување на управувањето на заштитените подрачја, започна изградбата на пречистителната станица за собирање на сите отпадни води на територијата на Националниот парк „Пелистер“ со капацитет 500 еквивалент жители“, истакна заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.
Овој проект не само што ќе придонесе за заштита на животната средина, туку и ќе го придвижи развојот на туризмот во најстариот Национален парк во Република Северна Македонија.
„Затоа и се имплементира овој проект, за кој што Општина Битола учествуваше и со финансиски средства директно од буџетот на општината, со над 15.000.000 денари, дополнително на тоа дојдоа средства од Министерството за животна средина кои што локалните самоуправи ги добиваат согласно законските одредби, меѓутоа и помошта од УНДП со над 9.000.000 денари за изградба на оваа пречистителна станица“, додаде Петровска.
„Колекторскиот систем заедно со испустот е некаде околу 2.029 метри, кој што ќе овозможи отпадните води кои што досега не биле третирани од потпелистерието да бидат опфатени како што доликува и како што налагаат светските стандарди. Ова покажува дека вршиме навистина сериозен пристап кон понатамошниот развој на потпелистерието во однос на туризмот. Затоа ме радува што денес имаме ваква фаза на имплементација на овој проект, кој што во пролетниот период треба да биде завршен“, истакна Петковска.
Пуштен во употреба е целосно асфалтираниот регионален пат Рапеш-Старавина во должина од 9 км.
Станува збор за инвестиција од 36.000.000 денари , средства обезбедени од Јавното претпријатие за државни патишта и изведувач на градежните работи ЈП Македонија пат . На свеченоста присуствуваа директорот на Агенцијата за државни патишта Зоран Китанов , генералниот директор на ЈП Македонија Пат Беким Мемети , градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски и жители од селата од мариовскиот крај.
Со градежните активности се започна минатата година кога беа асфалтирани 6 км, а оваа година со асфалтирањето на останатите 3 км целосно се асфалтира регионалниот пат Битола-Рапеш-Старавина со вкупна должина од 53 км.
-Денес е голем ден за жителите од мариовските села кои гравитираат во нашата општина. Благодарение на Владата на Р.С. Македонија и ЈП за државни патишта го решивме деценискиот проблем на жителите од овој регион .Не ги оставивме заборавени и излагани , напротив со силни заложби успеавме да ги пуштиме во употреба останатите 9 км нов асфалтен пат од регионалниот пат Рапеш-Старавина за денес сите жители од овој крај да ги користат бенефитите од употребата на веќе 53 км асфалтиран регионален пат и поврзување на Битола со Старавина и Градешница. -истакна градоначалникот Кузманоски.
Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов потенцираше дека за регионот како што е Мариово со севкупната природна убавина , потенцијали и ресурси од големо значење ќе биде доасфалтирањето на овој регионален пат со целосно поврзување со асфалтен пат Битола со Старавина и Градешница. Тоа истовремено ќе значи и развој на туризмот , враќање на жителите од овој крај во родните места.
Постаментот на борецот од НОБ Јонче Мурџевски, е без биста бидејќи АМД "Ѓорѓи Наумов" во соработка со Сојузот на борци од Битола ќе изработуваат нова .
Спомен бистата на борецот Јонче Мурџевски е сместена во Градскиот парк, спроти Спортската сала, па битолчани, рекреативци реагираат дека на постаментот ја нема бистата прашувајќи се дали можеби се работи за вандалски чин.
Нова биста ќе се изработи и за Ѓорѓи Наумов, исто така, учесник во НОВ
Електростопанство на Македонија ќе биде главно насочено кон развој на обновливите извори на енергија,а веќе оваа недела ќе биде потпишан договорот за изградба на фотоволтаична електрана на местото на стариот рудник Осломеј со инсталирана моќност од 10 мегавати, веднаш потоа ќе следат дополнителни 10 мегавати инсталирана моќност како инвестиција на ЕСМ, а следува и изградба на две фото напонски електрани од по 50 мегавати на истата локација, на принцип на јавно приватно партнерство.
„Веројатно се од групата која има три проблеми со срцето, душата и петите“, рече премиерот Зоран Заев за групата битолчани која собрана спроти Општината свиркаше кога тој и министрите влегуваа во општинската зграда за да одржат владина седница, за првпат во историјата на државата, во Битола.
Веќе од следната недела ќе биде објавен повикот за граѓаните во најзагадените градови во државата за субвенционирање на инвертер клими. Оваа мерка ќе се реалзира со финансиски средства од заштедите на ЕСМ. Околу 10 илијади семејства ќе добијат до 1000 евра за набавка на овие грејни тела.
Министерот за образование Арбер Адеми и заменик министерката Елизабета Наумовска иако со збиена агенда денеска најдоа време да испијат кафе со директорите на средните училишта во градот и иако неформално директно да се информираат за состојбите во битолското образование.