2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

На Светското првенство во стрелаштво што се одржува во Сиднеј, Оливера Наковска Бикова настапи во дисциплината П2-воздушен пиштол жени и го освои 4-то место.

Се известуваат граѓаните на Општина Битола дека поради телекомуникациски работи во Стопанскиот двор на ЈКП Водовод Битола, викендот дежурен телефон за пријавување на дефекти е; 072 232 119.

Пожарникар од ППЕ од Битола пријавил во полиција дека од жители на Ротино противпожарната екипа била спречена при гаснење на пожар на куќа.

На 18.10.2019 во СВР Битола, вработен во Територијалната противпожарна единица Битола пријавил дека на 17 октомври околу 23.00 часот, при интервенција за гасење пожар во куќа во с.Ротино, тој и неговиот вод бил спречуван во извршување на службените  дејствија од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Битолската компанија Синпекс за прв пат во земјава  испорача електрична голф-кола E-Z-GO EXPRESS L6 ELiTE, производ на добропознатиот производител на возила од овој тип Е-Z-GO од САД.

Овој голф-мобил е придвижуван од електричен мотор со моќ од 9,8kW и SAMSUNG батерија од 56V, може да понесе 6 патници, а максималната брзина му е 28km/h.

Возилото е веќе испорачано кај клиент во Македонија. Од компанијата СИНПЕКС од Битола на сопственикот му посакуваат долгогодишна експлоатација без никакви проблеми.

72834199 2502631299817964 2739925685849030656 n

Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ почна со прегледување на 35 аматерски документарни филмови на автори од 10 европски држави.

Претседателот на Советот на фестивалот Стефан Хаџи Андоновски истакна дека за најдобрите ќе бидат доделени традиционални награди, а од оваа година новина е наградата за сценарио која го носи името на долгогодишниот член на жирито на овој фестивал, неодамна починатиот Стево Сидовски.

-Жири комисијата ќе ги награди најдобрите и според квалитетот на документарниот филм, а само еден автор ќе ја добие највредната награда, односно гран при плакета „Милтон Манаки“. Инаку според востановената традиција фестивалот ќе додели и други награди и признанија, а Советот на фестивалот одлучи досегашната награда за сценарио да ја именува според  долгогодишниот член на жирито на овој фестивал, неодамна починатиот Стево Сидовски, истакна Хаџи Андоновски.

Наградените филмови ќе бидат премиерно емитувани во рамки на празничата програма на Општина Битола посветена на Денот на ослободувањето на градот – 4. Ноември.

НУ Центар за култура Битола во соработка со Амбасадата на Исламска Република Иран организираат "Недела на ирански филм" од 21-27 октомври 2019 г. и имаат чест да ве поканат на церемонијата на отворање со проекција на филмот:
Коцка Шеќер- 21 ОКТОМВРИ (понеделник), 19:30 ч, НУ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА - Битола (мала сала)
Неделата на ирански филм се организира за прв пат во Битола. Ќе бидат прикажани седум филмови, во периодот од 21 до 27 октомври .

Сите проекции се во Малата сала.
Влезот е бесплатен.

На 21.10.2019год, Н.Е Хосеин Карими - Амбасадор на Исламска Република Иран во Република Македонија ќе дојде во посета на Центарот за култура по повод отварањето на "Неделата на иранскиот филм". 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани