
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Две раце што се ракуваат, како порака за добредојде во Битола, јарболи со знамиња на земјите кои имаат конзулати во Битола и нивното ритмичко вертикално издигнување, што треба да ја претставува планината Баба. Вака ќе изгледа кружниот тек на влезот во Битола од старата на Прилеп. Ова е архитектонското решение на двајцата млади автори Мила Рориќ и Дејан Томски, што всушност е победнички проект на јавниот повик „Круг на јарболите“ што го објави Оштина Битола, а денеска пред јавноста беа претставени петте пристигнати идејни решенија и победничкиот проект.
Жители од дивата ромска населба денес повторно поставија смет на обиколницата и го запалија, изразувајќи револт што се оставени без струја. Откако изгоре трафостаницата во населбата Баир поради преоптовареност на мрежата, дел од жителите се жалат дека среде зима се оставени без електрична енергија. Со нивниот начин на протестирање се блокира битолската обиколница, а се оштетува и асфалтот од овој патен правец кој минатата година беше преасфалтуран. Минувачите кои денес не можеа да поминат низ обиколницата коментираа дека со избраниот начин на протест не вршат притисок онаму каде што треба за да добијат струја туку врз граѓаните, случајните минувачи и врз Општината кои не можат да им обезбедат струја.
275 години ќе ви требаа да бидите на власт за да ги вложите парите што ние ги даваме за животна средина, им рече претседателот на Советот Валентин Груевски на советниците од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ кои денес ја критикуваа мерката за субвенционирање на клима инвертери во Битола. На денешната седница беа донесени измени и дополнувања на Програмата за живота средина за 2020 година, со тоа што буџетот се зголемува со 160 милиони денари или 2,5 милиони евра наменети за замена на печките на дрва со инвертер клими.
Времето утре ќе биде променливо облачно и студено до сончеви периоди, а минималната температура во Битола ќе се спушти до -9 степени.
Од сабота метеоролозите најавуваат стабилно време со постепен пораст на дневната температура