
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Видео материјал од врвот Пелистер кој никого нема да остави рамнодушен изработи Пантелејмон Трпчевски, ученик од четврта година во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола. Материјалот изобилува со снимки од прекрасни планински предели, на дел од нив се гледа врвот над море од облаци, а успеал да го улови и магичното изгрејсонце. Трпчевски е голем вљубеник во планината, а неговата планинска авантура ја преточи и на видео материјал во кој можат да уживаат и оние кои оваа зима не можат да се искачат на врвот. Материјалот е измонтиран од снимки кои тој ги направил од 25 декември 2019 година до трети јануари годинава и е насловен „Hike Pelister“
Ж.З.
Извршниот одбор на Здужението на пензионери на Битола под претседателство на Томе Димитровски, согласно програмата за оваа година, со донаторски акции да помага специјализирани медицински установи, на својата последна седница одлучи повторно да го помогне Домот за стари лица „Сју Рајдер“, а ја прифати и поканата за склучување на меморандум за соработка со Здуужението на пензионери од општина Ѓорче Петров. Во врска со извештајот за финансиската работа во минатата година и извршениот попис се произнесе Валентина Станојовска, а истиот беше прифатен со нагласок и натаму да се продолжи со економично работење и трошење на средствата само за потребите на пензионерите.
На седницата беше информирано дека и годинава Здужението на пензионери од Македонски шуми ќе бара да им бидат доделени 8 000 кубици дрва, а по нивната одлука ќе се започне со запишување на пензионерите за огревно дрво за сезоната 2020/2021.
И покрај благата зима, бројот на пожари во Битола е голем. За 34 денови двојно повеќе пожари.
„До овој момент имаме 60 интервенции, последните два- три дена иако беше топло време, имавме повеќе интервенции на отворен простор што значи менталитетот и недоговорносота на граѓаните, си продолжуваат. Вчера имавме два прожари во близина на Националниот парк Пелистер. Ќе мора да се бараат сили и начини да ја подигнуваме свеста. Ако почетокот е ваков, во топла зима на ден имаме шест интервенции, тоа се сериозни параметри за тоа што не очекува“, рече Костадин Поповски, командир на Противпожарната единица во Битола.
Промоцијата на книга на Каракчанов за „историскиот лик и дело на Тодор Александров“ во Битола и тоа на покана на некакво профашистичко здружение на граѓани кое го носи името на Иван (Ванчо) Михајлов е можеби една од многуте антимакедонски провокации кои доаѓаат од Софија, но секако има подлабоки корени и јасни антимакедонски цели. Впрочем сето ова е дел од „Бугарската националан доктрина за 21 век“ која е изработена и публикувана во Софија уште во далечната 1997 година, а во овој контекст е и онаа скоро едногласно усвоена Декларација на Бугарскиот парламент од есента 2019 година, кога пред Македонија во најгруба форма беа поставени „невозможни и неспроведливи“ антимакедонски услови за напредување кон ЕУ.