
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Претпладнето сеуште ќе има повремени врнежи од снег во источните делови.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во Битола минималната температура ќе биде -2 а максималната 4 степени.
До 17 часот денеска во Битола наврнале 38 цм снег
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција запрашан за тоа каков е капацитетот на Битолската болница во свлучај да треба да се примат пациенти со коронавирус, рече дека таа е доста солидна и екипирана здравствена установа, со добра инфраструктурна поставеност, но нема да се користи како болница каде ќе се лекуваат овие пацинети.
„Многу солидна и екипирана болница е со ниво на експертиза и со добра инфраструктурна поставеност. Но, нема да има други центри за лекување на пацинетите со коронавирус освен болниците кои цело време ги спомнуваме Инфективната клиника со дополнителниот капацитет и болницата „8-ми Септември“ пред се поради експертизата“, рече Филипче.
„Ќе направиме напори државата и јавните институции пред роковите да ги платат долговите што ги имаат кон приватниот сектор“. Вака одговори министерката за финансии Нина Ангеловска на прашањето на Апла.мк дали државата како најголем должник на стопанството, ќе ги изврши плаќањата на веќе доспеаните побарувања кон приватните стопанственици, што во овие моменти на криза би било од помош за сите нив, но и дали може предвреме да ги исплати веќе настанатите обврски спрема приватните компании.
Снегот во април ги покри штотуку расцветаните магнолии низ Битола, а низ снежната покривка ѕиркаат и цветовите на јапонските цреши. Иако очигледно е дека климатските промени ги измешале лончињата во природата, сепак сликата надвор е фасцинантна, колку на снегот и да не му е време во април
Снег утрово ги изненади битолчани, посебно поради фактот што зимата календарски веќе десетина дена е зад нас.
Фотографиите се направени во Потпелистерието, во село Нижеполе





