
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Секоја награда е важна, задоволен сум од постигнатото во животот, а наградата од мојот град Битола само потврдува дека има луѓе кои знаат да ги валоризираат трудот“, вели Благој Стефановски- Баге годинешен добитник на наградата „4-ти Ноември“ за животно дело што Општина Битола ја доделува по повод Денот на ослободувањето на градот.
Трите близначки Ана,Марија и Атанасија од с.Градешница , општина Новаци се закитија со сребрен медал во ката тим на меѓународниот карате турнир ФЕНИКС ОПЕН кој се одржа во Врање ,Р.Србија на 20 Октомври оваа година.
Со неполни 9 години, трите близначки веќе 4 години тренираат карате во карате клубот “ЗАНШИН- ДО” Битола и постојано учествуваат на домашни и меѓународни натпревари во категорија ката тим генерација 2011/10 година освојувајќи златни ,сребрени и бронзени медали .Имајќи ги во предвид нивните карате вештини , близначките се потенцијални кандидати за во репрезентација.
Карате Клубот "ЗАНШИН-ДО"-Битола настапи во 55 категории и се закити со два пехара-пехар за најмасовен настап и пехар за трето пласирани по постигнати резултати во севкупен пласман во кати и борби, 3 злата, 8 сребра и 16 бронзи.
Откако го освои вечниот град Рим, долгоочекуваниот филм на најнаградуваниот македонски режисер Милчо Манчевски доаѓа во Битола. Проекциите премиерно започнуваат вечерва, први ноември, со почеток од 20 часот во киното во Центар за култура во Битола. Филмот ќе се прикажува викендов и в понеделник, така што проекцијата во сабота и понеделник се од 20 часот, а во недела е од 22,15 часот.
„ Врба“ е македонска филмска приказна, која се појавува моќно, драматичен еп за три македонски жени и нивната желба за семејна љубов. Ја следи приказната за трите жени кои не го менуваат светот или општеството, но нивната борба да станат мајки ги прави хероини во филмот. Главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Камка Тоциновски, Ненад Нацев, Никола Ристески.
Ж. З.
Цртежи од Малиот битолски Монмартр создадени во Битола на последната колонија ќе бидат изложени на водечкиот уметнички саем за независни меѓународни уметници, на третото издание на “Art Next Expo 19“.Саемот се одржува од 1 до 4 ноември, во Хонг Конг, а не него ќе се претстават стотици уметници од целиот свет. Малиот битолски Монмартр има свој штанд, на кој се претставени делата кои ги создадоа младите уметници во мај годинава во Битола.
Елена Хаџиантоновска од Малиот битолски Монмартр на својот фејсбук профил напиша дека се прават последните припреми за изложбата во Хонг Конг и ќе бидат претставени 50 дела од годинешната колонија.
„Тоа се дела на кои е насликана архитектура, што значи дека во Хонх Конг ја преставуваме и убавината на битолските градби“, рече Елена Хаџи Антоновска за Апла.мк.
А.Б
Утрово во 6.25 часот во Битола е почувствуван земјотрес, чиј епицентар се наоѓа во Албанија, 13 километри јужно од Корча со интензитет од 4,8 степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотресот особено се почувствува на повисоките катови од колективните згради.
А.Б
Н.У. Завод и музеј Битола со својата тактилна изложба предизвика големо внимание кај лицата со попреченост во Србија. Изложбата која вчера, 29ти октомври беше отворена во Роднокрајниот музеј во Књажевац, ќе биде поставена уште во неколку градови во Србија.
На отварањето, за изложбта и концептот зборуваа раководителот на проектот Д-р Ирена Ружин, програмски раководител од Н.У.Завод и музеј Битола, м-р Јове Парговски, еден од авторите на тактилните слики и стручен соработник за дигитализација на културното наслество, Милена Милошевиќ Мициќ –кустос советник, а изложбата ја отвори Директорот на Роднокрајниот музеј м-р Александар Ристиќ. Тој истакна дека бројката од 12.000 слепи и слабовиди лица во Србија е поттик и понатаму да се размислува за различниот пристап до културното наследство до тие посетители и дека соработката со Битола со задоволство ја продолжува.
М-р Дејан Раденковиќ, член на Управниот одбор на Сојуз на слепи од Србија, посетител со попреченост, за медиумите изјави дека е воодушевен и задоволен, дека оваа изложба е одлична, една од најдобро организираните изложби, технички и содржински.
На дваесетте панели се претставени експонати од колекцијата на битолскиот музеј преку фотографии и текстови, а за слепите и слабовидите лица се изработени тактилни слики и текстови на брајово писмо на српски јазик. На панелите се поставени и кодови преку кои се пристапува и до аудио интерпретација за експонатите и видеа со презентација на знаковен јазик.
Во претходните Н.У.Завод и музеј Битола покажа дека овој пристап е одличен за слепите лица бидејки им дава можност преку допир тие ги доживуваат експонатите.
Гостувањето со тактилна изложба е резултат на повеќегодишната соработка на двата музеи особено во делот на зголемување на пристапноста на музеите за лицата со попреченост. Тимот за овој проект, посетуваше голем број на обуки организирани од Балканаска музејска мрежа, а при подготовката консултираше повеќе експерти како и Здруженијата на лица со попреченост.
Претходно двата музеи го реализираа проектот Музеј во куфер, повеќе обуки, семинари и работилници за пристапност, во двата града.
Целта на двата музеи е поставките да бидат достапни за сите лица со ралични попречености.
Оваа изложбата е поддржана од Министерство за култура.
(Инфо од Завод и музеј-Битола)
Нови протоколи за спинална анстезија при породување со царски рез со пенсил поинт игли со што се избегнува постоперативни главоболки кај родилките се спроведени во битолската Клиничка болница за време на посетата на проф. д-р Олег Туркот, анестезиолог од болницата JOHN HOPKINGS oд Балтимор САД. Исто така, за време на неколкуденвниот престој на анестезилогот Туркот тимот анестезилолози од битолската болница беше обучен и за спроведување на безболно породување со епидурална аналгезија кај пациентките што се породуваат спонтано.
Во организација на Здружението за негување антифашистичките традиции АНТИФА, утре 1 ноември (петок), во 19,30 часот во галерискиот простор „Магаза“ ќе биде промовирана книгата „Попатни паралипомени“ од авторот д-р Александар Литовски, а промотор е Роберт Алаѓозовски.