
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По информацијата што ја доби Министерството за здравство дека еден новинар од телевизиски медиум е позитивен на коронавирусот, кој во текот на минатата недела имаше интервјуа со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, и Мицковски и Заев се тестирани на КОВИД-19.
На денешната прес конференција, министерот Филипче рече дека сме во фаза во која се воведени најрестриктивните мерки и ги повика граѓаните да ги почитуваат, затоа што само така ќе бидеме поблиску до враќање на животот во нормала.
Од почетокот на кризата до денес, Центар за јавно здравје- Битола и регионот кој го покрива (Кичево, Ресен и Демир Хисар) земени се материјали за испитување (брисови) од вкупно 117 лица за COVID-19. Од вкупниот број на земени брисови, 101 се за лица со место на живеење во Битола, а 16 од Кичево, Ресен и Демир Хисар..
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција рече дека се следат сите пацинети заболени од КОВИД-19 кои се во домашно лекување, а двајца од нив се веќе негативизирани уште во текот на вчерашниот ден.
Инаку, во Клиничката болница има четворица пацинети , тројца од нив се во стабилна состојба, а еден пацинет е на кислородна поддршка.
Инфективното одделение во битолската Клиничка болница, познато меѓу битолчани како Заразно, е физички одделена од главната болнича зграда уште при самата изградба пред половина век. Сега овој објект станува Регионална болница за лекување на пациенти позитивни на КОВИД-19 кои имаат средно тешка и тешка клиничка слика. Од болницата уверува дека нема причина за вознемиреност кај битолчани, затоа што заразените не влегуваат во главната болничка зграда. Се запазуваат сите протоколи, има патека на движење, па овие лица немаат никаков контакт со останатите пациенти.
Повеќе корисници на Домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола се тестирани на КОВИД-19, откако еден 86 годиен пациент е позитивен на врусот.
