2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Општина Битола направи  пристапна патека за лицата кои го посетуваат Дневниот центар за лица со интелектуална и телесна попреченост на улицата „Васко Карангелевски“. Вредноста на овој проект е околу 60.000 денари.

Решен е проблемот на улицата „Васко Карангелевски“ кај ОУ „Елпида Караманди“ со нов пешачки премин и ново сообраќајно решение. На барање на три здруженија на граѓани и ОСБСП-Битола пред една и пол година беше  потпишана петиција од 6500 потписници за кампањата „Стоп сакам да поминам“, за регулирање на овој пешачки премин.  Денеска слика е поинаква, преминувањето побезбедно и за децата и за возрасните. 

-Пешачкиот премин сега е соодветно регулиран и безбеден за минување на пешаците во овој дел на градот, тргнувајќи кон ОУ „Елпида Караманди“ и Дневниот центар за деца со посебни  потреби. Сакам да им се заблагодарам на потписниците на петицијата. Во градот има дуруги 8 точки, локации кои треба да побудат интерес кај надлежните да ги регулираат пешачките премини, порача Мите Ристов, од Здружението „Геосфера“.   

Професорката Јасмина Талевска од ОСБСП-Битола им порача на надлежните да извршат времена прекатегоризација на уличната мрежа. 

-Апелирам до советниците да подразмислат и да изнајдат начин за времена промена на функционалната категоризација со што би можеле да добиеме подобри решенија од ова. Зошто велам подобри, затоа што во овој момент со основен сообраќаен проект ова беше за магистрална улица единственото можно решение, доколку улицата беше од понизок ранг ќе имавме други решенија. Тоа од една страна, а од друга страна  имаше решение пешачки премин со разделно острово. Ова решение на сите тие инстанци во Општината ќе им требаше многу повеќе време. Затоа проектантот   се одлучи за оваа решение како единствено можно за ваква категорија на улици, рече професорката Јасмина Талевска од ОСБСП-Битола.

 дете 1

Градоначалничката Наташа Петровска рече дека за новото сообраќајно решение се вложени 430 000 денари, на вибрациони ленти, воздушни перничиња, катадиоптри, што придонесува за поголема видливост на улицата. 

-За жал години наназад некој некого убедувал дека станува збор за магистрална улица и дека ништо не може да се направи, меѓутоа мотивирани од она што значи безбедност на нашите деца и граѓани направивме нешто што може да ја подобри безбедноста на сообраќајот при движење учениците и граѓаните во овој дел на Битола. Останува  детектираните критички точки да ги средиме во наредниот период за другите делови од градот. Се можи да се направи и ништо не е дадено  еднаш за секогаш, рече Петровска.

А.Б

дете 8

дете 2

дете 4

дете 5

 

дете 6

дете 7

 

-Малиот Битолски Монмартр е пренатрупан со детски цртежи,скулптури,инсталации... Пристигнати преку 300 пакети со преку 25.000 детски творби од преку 35 држави за конкурсот за учество на Малиот Битолски Монмартр 2020 ! Секоја година интересот е се поголем, вели Елена Хаџиантонова од Малиот Битолски Монмартр!

мал 3

мал 2

мали

Државниот ученички дом „Мирка Гинова“ во Битола го менува својот лик, а со реконструкцијата се создаваат далеку подобри услови за 310 ученици кои престојуваат во домот. Од фотографиите направени пред реконструкцијата и по неа, може добро да се види во какви услови престојувале учениците, а како сега изгледаат нивните соби за што од Министерството за образование и наука се вложени 110 илјади евра.

Средношколската заедница при Средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи" – Битола го реализираше настанот Ние како едно во просториите на училиштето. Целта на настанот беше да се претстават активностите и профилите во училиштето и формирањето на Средношколската заедница на еден несекојдневевн и интерактивен начин. На настанот присуствуваа повеќе од 200 ученици и професори од основните и средните училишта, кои организирани во групи имаа можност подетално да се запознаат со активностите на училиштето, меѓу кои и формирањето на Средношколската заедница. Настанот беше организиран како мини-саем на различни локации во училиштето.

Настанот го организираа самите ученици кои се членови на Средношколската заедница со помош од професорите, стручната служба и Младински културен центар – Битола. Овој настан беше последна активност од проектот „Средношколски капитал“, што го спроведува Младински културен центар – Битола, во чиј склоп се формира Средношколската заедница при ОСМУ „Д-р Јован Калаузи" – Битола и се спроведоа серија работилници за јакнење на капацитетите на истата.

Проектот „Средношколски капитал“ е дел од Проектот за младинско изразување поддржан од Европска унија и е спроведуван од Младински образовен форум, Центарот за балканска соработка Љоја и Младински сојуз Крушево.

Вработени од Јавното претпријатие „Комуналец“ вчера рачно го исчистија расфрланото ѓубре од улицата „Илинденска“, а во дел и од „Дебарска“. Тие се метли го изметија коловозот, па и тротоарите и просторот пред влезните врати од куќте. Битолчани беа изненадени зашто до сега никој не им сметил пред вратите, освен тие сами. Покрај ова се искосија и средија и останатите зелени површини на овие улици.

Најмногу ѓубре се расфлрла од насовесни граѓани кои отпадоците ги фрлаат на улица, ученици кои на големиот одмор купуваат храна од малските колонијали, а амбалажата место во корпа за отпадоци ја фрлаат зад себе. Не помалку се виновни и одредени продавници кои сметот наместо во затворени контејнери го чуваат на отворено, па ветрот го разнесува низ улиците.улица

Директорот на ЈП „Комиуналец“ Панде Богоевски рече дека се работ за поголема акција за чистење на повеќе улици иако не се во нивната годишна програма за јавна чистота.

„Комуналец има обврска да работи според програматра за јавна чистота а во неа се наведени точно кои улици се обврска на Комуналец и за нив добиваме пари од Општината. Но, покрај тоа има многу барања од граѓани од различни населби каде не е предвидено да се врши чистење. Од тие причини ние сакаме да излеземе во пресрет на нивните барања затоа презедовме акција која трае неколку недели и ќе продолжи во седниот период. На одредени локации со поголема група на луѓе се изврши рачно чистење, метење на улиците каде според зборовите на граѓаните ова за прват се случува во нивните улици. Се работи на улица Дебарска, Илинденска, а во претходниот период околу болницата Плодност, на Лавчански пат, улица Анесети Пановски, населба Кланица, а во следниот период влегуваме на улица Ружа Делчева“, рече Богоевски.

Останува прашањето до кога ќе остане чисто?

Ж.З.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани