2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

На Институтот за физика во рамките на Приридно-математичкиот факултет во Скопје, на 6 и 7 март се одржа  Школа по астрономија. Од СОУ „Таки Даскало“-Битола учество зеде ученичката Ева Сиваков од I-12 клас, билингвална паралелка. Во рамките на Школата се одржа и  Државниот натпревар по астрономија, на кој Ева Сиваков освои пофалница.

Завршната сметка на општинскиот Буџет за 2019 и неколку точки поврзани со финансиското работење на општина Битола за претхадната година, се најдоа на усвојување пред советниците на денешната седница на Советот на Општина Битола. Опозицијата обвини на слаба реализиација на капиталните инвестиции.

Бурим Керими од ДУИ и коалицијата во две и пол годишен советнички мандат, во кој ретко се обраќаше од говорница, дури денес проговори за неговите ставови за Битола и им реплицираше на советниците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Керими им рече на колегите од двете партии, со кои ДУИ коалицираше во двата последни мандата и беше дел од нивните Влади: „ Од 1991 година имаме две партии кои командуваат со овој Совет, двете партии како ВМРО-ДПМНЕ, така и СДСМ биле против интересот на битолчани и Општина Битола“.Репликата доаѓа во време кога се заладија односите меѓу СДСМ и ДУИ на централно ниво пред престојните предвремени парламентарни избори.

Да земе збор го поттикна расправата во Советот за мајмунчето Лука во зоолошката градина, дали имало услови да живее таму или не. Керими рече дека зоолошката градина ѝ била понудена од власта во 2017 година да ја менаџира кадар од ДУИ. Тоа за него лично и персонално од преку 50 директорски места на локално ниво било многу понижувачко. И праша зошто нема ни еден раководител на локално ниво од другите етнички заедници, додавајќи дека биле маргинализирани.

На ова го прекрати претседателот на Советот, Валентин Груевски, опоменувајќи го него и другите советници полтика да бистрат надвор од Советот на прес конференции.

Керими, потоа, искритикува дека од главни приходи и расхои Општина Битола има 317 милиони денари, 76 милиони се потропшиле за улици, а нула проценти за етничките албански села во општина Битола.

-Генерацијата моја една огромна бројка се надвор од државата. Некој овде мене интелигенцијата ми ја потценува и нормално е да излезам кога два и пол саати се расправате овде за еден мајмун , а немате никакви идеи за како да ги вратиме тие колеги кои ја напуштија државата“, ги искара Керими другите советници.

Ж.З.

Битолскиот Народен театар ја одложи премиерата на претставата „И коњите ги убиваат, зар не?“ во режија на Мартин Кочовски, која беше закажана за 10 март. Следниот термин   е на  17 март, откако Министерството за здравство ја продолжи препораката за одложување на јавните собири до 13 март, како превентивна мерка  поради корона вирусот

ЈКП "Водовод" Битола известува дека на ден 10.03.2020 година поради интервенција на водоводната мрежа, од 9 до 13 часот ќе има прекин на водоснабдувањето во подрачјето кај Градската библиотека и зградите кај Стара болница.

Изработена е нова сообраќајна студија за уредување на коловозот од крстосницата кај Педагошки факултет до бензиската пумпа на Макпетрол на излезот од градот. 

,,Сообраќајната студија опфаќа пешачки патеки, велосипедски патеки и нов коловоз во делот каде што нема заклучно со мостот кај бензиската пумпа", најави претседателот на Советот Валентин Груевски. 

Нов дефект на водоводната мрежа се јави рано утрово кај населбата Ремо, екипите на ЈКП „Водовод“ се на терен со цел да се норамализираат состојбите. Во овој дел на градот пукната е цевка Ф 150 поради што има прекин во водоснабдувањето. Проблемите во водоводната мрежа се јавија еден по друг поради притисокот во водоводниот систем , откако водата беше исклучена за голем дел од градот по дефектот што вчера настана на улицата „Кирил Пејчиновиќ“, велат од „Водовод“. 

Дефектот кај Црн Мост е саниран во 4 часот рано утрово. 

Екипите на ЈКП „Водовод“ речиси  40 часа се на терен  и  неуморно работата на нормализирање на состојбите со водоснабдувањето во градот. 

ремо

voda 33

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани