2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

До петок ќе биде поготвен целиот распоред за дисперзирано делење на терапијата за пацинети кои ја примаа на Онколошката клиника во Скопје, сега да може да се дава и по клиничките болници. Распоредот на пацинети е веќе направен и таа терапија ќе се дели во Штип, Битола и Тетово како најголеми болнички установи зашто таму има и онколози кои можат да го контролираат делењето на терапијата и пациентите нема да мора да патуваат до Скопје. До петок или најдоцна во понеделник таа терапија ќе биде поделена во овие болници“, рече министерот за здравство Венко Филипче. 

 

Регистрирани се 48 излекувани пациенти во земјава. Од нив 6 пациенти од болничко лекување и 42 кои се лекуваа во домашни услови.
Во ГОБ „8 сетпември“ почина пациент од Скопје на 51 годишна возраст, примен во болницата на 9 април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина.
Во изминатите 24 часа потврдени се 28 нови случаи на ковид-19. По градови:
- Скопје -11
- Куманово -2
- Прилеп -9
- Тетово -2
- Велес - 3
- Валандово -1.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1259.
Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Досега во земјата се направени вкупно 13.000 тестирања на Ковид -19.

Здравствени работници се скоро половината од заразените пацинети со КОВИД-19 регистрирани на територијата што ја покрива Центарот за јавно здравје од Битола. Според информацијата објавена од Центарот, до вчера на територијата на Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар замени за испитување се вкупно 239 брисеви, од кои 20 лица се позитивни на коронавирусот. Од нив 17 се од Битола, едно од Демир Хисар и 2 од Кичево. Од вкупниот број на потврдени случаи 9 лица се здравствени работници или од тие 20 дури девет.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани