2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

И денеска нема новодијагностицирани од КОВИД-19 во Битола, останува бројката од 8 позитивни на коронавирусот. Во болницата во Битола се хоспитализирани вкупно 5 пациенти, еден пациент повремено на кислородна поддршка, а другите стабилни. На домашно лекување преку оваа болница се следат 7 пациенти кои се во добра општа состојба, информира министерот Венко Филипче.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 49 нови случаи на Ковид-19. По градови:

- Скопје 13
- Куманово 14
- Штип 6
- Прилеп 8
- Велес 6
- Гостивар 1
- Кочани 1.

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 760 лица. Во изминатото деноноќие направени се 586 теста, а досега во земјата се направени 7.653 тестирања на Ковид-19. Двајца пациенти од Куманово и Прилеп починаа од коронавирус.

Во изминатото деноноќие на Клиниката се примени 3 пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 68, од кои 15 се на кислородна поддршка и 8 на механичка вентилација.

Во болницата „8 септември“ се примени 8 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 28 потврдени и сомнителни на коронавирус. Од нив, 9 се со потешка клиничка слика, а 6 пациенти се на респираторна машина.

Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 13 пациенти потврдени и сомнителни на коронавирус, а уште 13 се следат на домашно лекување. Освен една пациентка кај која има влошување на состојбата, сите останати пациенти се стабилни.

Денеска нема да ја одржиме редовната прес-конференција. Одделението за односи со јавноста во Министерството ќе одговори на сите поставени прашања од страна на медиумите.

 
 
Дванаесет прекршувања на полицискиот час кој трае цел викенд досега се регистрирани на територијата на општина Битола, соопштија од Битолската полиција.  На улица без дозвола за движење биле затекнати осумина возрасни битолчани и четири деца. Четворица се приведени, а други четворица се опоменети. 

Реконструкцијата  на фасадата на  Управната зграда на ЈП „Пазари“ е во тек и веќе се наѕира новиот изглед на   објектот  изграден пред 70 години.

Центарот за култура од Битола, инспириран  од потегот на Македонската филхармонија, по добиената согласност од Министерство за култура и Управниот одбор на институцијата, одлучи да се вклучи со донирање на средства од сопствена сметка во висина од 120.000ден на Клиничката болница “Д-р Трифун Пановски “ во Битола. 
,,Oва е можеби симболична сума за битката со COVID-19, но за нас е значајна. Oвие средства беа наменети за настани поврзани со јубилејот 40 години од нашата институција, кои оваа пролет не очекуваа. На овој начин сакаме да им оддадеме признание на сите наши херои кои работат во Болницата исто како што тие ни даваа безброј аплаузи на многу наши настани како дел од драгата наша публика", велат од Центарот за култура. .
 
На денешниот состанок на општинскиот кризен штаб, беше утврден списокот на дежурни аптеки, маркети и ресторани кои ќе вршат достава на најнеопходни намирници  во периодот на 24 часовната забрана за движење на подрачјето на Општина Битола. Доставата ќе се врши во сабота и недела во периодот од 12.00 до 16.00 часот.
ДЕЖУРНИ МАРКЕТИ/РЕСТОРАНИ И АПТЕКИ ЗА ВРЕМЕ НА 24 ЧАСОВНАТА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ДЕНОВИТЕ 11.04.2020 И 12.04.2020
Аптеки
1. ПЗУ Аптека Роса Вита Битола
 Телефон: 047 236 468/070 373 272
Маркети
1. Тинекс МТ Дисконт бр.34
Телефон:071306959
2. ТДППУ Веропулос  ДООЕЛ Скопје
Телефон:075/499782 и 075 488129
3. Доел Шарковски трејд комерц
www.marketbt.mk
Телефон:078285145
4. Маркет Неапол
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
телефон: 078409919/075847000
5. Димсофт Доел Увоз Извоз Битола
Телефон:076282920/075494855
6. АНГРО Маркет 
7. Боби 99 село Логоварди
Телефон 047282264
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Ресторани
1. ДООЕЛ „МИ -ЈА“, ресторан “Бела куќа“
Email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.;
мобилен: 075 220 667
2. ДООЕЛ „ЈА-СА“, ресторан “Премиер центар“
телефон: 047202070
3. Кус Кус Квалитет ДООЕЛ
www.kuskus.mk
телефон 047222603
4. Компанија ДОО НОВА СТРАНА ТРЕЈД Битола
ГОСТИЛНИЦА ПУТНИК
телефон: 075/225766 
НАПОМЕНА: Доставата на најнеопходни намирници, согласно приоритетните барања на граѓаните, ќе се врши во периодот од 12.00 -16:00 часот.
 

Државниот пазарен инспекторат заедно со полицијата во средата затвориле кафана во битолската стара чаршија која работела на сред бел ден, рече Стојко Пауновски, директор на Државниот пазарен инспекторат.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани