
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Меѓу лицата кои досега се ставени во корантин, а доаѓаат од странство нема трудници. Доколку се појави бремена жена која треба да биде сместена во карантин за секој случај ќе се делува индивидуално во консултација со гинеколог, рече министерот за здравство Венко Филипче на прашање поставено д Апла.мк. Прашањето беше поставено од читатели на нашиот портал.
Неколку полициски екипи и едно такси возило, тоа е се што екипата на апла.ми вечерва затекна на обиколката низ градот по 21 часот, за време на полицискиот час.
Битолското обвинителство бара казна од 12 илјади евра за тричлено семејство од Битола и уште едно лице од Скопје кое престојувало во нивниот дом, затоа што не ја почитувале мерката за домашна излоација откако влегле во државата од високорична земја.
Јавните претпријатија вршат дезинфекција на станбени единици низ градот, соопшти градоначалничката Наташа Петровска преку својот фб профил.
Во денешната акција беа опфатени населбите Карпош, Кланица, Стрелиште и Стара болница. По изготвен акциски план, со оваа активност ќе продолжи и понатаму , како една од превентивните мерки.



Денес и утре ќе се има претежно облачно време со повремени врнежи од снег.
Се забранува движење на граѓаните над 67 години од 11 часот претпладне до 5 часот наутро следниот ден, а движењето на младите до 18 години се ограничува од 21 часот навечер до 12 часот следниот ден.Оваа одлука Владата ја донесе на седницата одржана вечерва.
ЈЗУ Клиничка болница Битола за потребите на болницата и за заштита на своите вработени изработи памучни заштитни маски. Маските се шијат, паковаат и стерилизираат во Болницата. Во оваа установа од секогаш имало вработено лице шнајдер. Тој сега ги шие маските, а му помагаат вработени од пералната и пеглалната. Со овој чекор Болницата ќе обезбеди заштитни маски за сите вработени и за пациентите.
