
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски денес, го посети средното техничко училиште СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ Битола, каде заедно со директорката Жанета Сервини и вработените професори во училиштето разговараа околу инвестициите реализирани во училиштето во последниот период, со цел подобрување на условите за работа и подобрување на опременоста на училиштето.
ИФТАРСКА ВЕЧЕРА ОРГАНИЗИРАНА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ
Во рамки на значајниот јубилеј – 80 години од основањето на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, на 27 март 2025 година, во просториите на библиотеката се одржа промоцијата на книгата „Факсимили од роднокрајни писатели – членови на Друштвото на писателите на Македонија“ и претставување на каталогот посветен на Горан Стефановски, во читалната што го носи неговото име.


Битолчани утрово неколку минути после 5 часот ги разбуди земјотрес чии епицентар бил на 10 километри северно од Лерин, Грција. Потресот во епицентарот бил 3,4 степени, по Рихтеровата скала. Ударот го почуствуваа особено станарите на повисоките згради, како што велат со хоризонтално тресење. (А.Б)
Во прекрасниот амбиент на НУ Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, вчера се одржа промоцијата на поетската збирка „Елисиско ехо: Поезијата на меморијата на слободата“ од Игор Трајковски.
ПРОМОВИРАНА АПЛИКАЦИЈАТА ЗА СЛЕДЕЊЕ НА МОМЕНТАЛНАТА СОСТОЈБА НА АВТОБУСКИТЕ ЛИНИИ
Уште еден меѓународен успех на ученици и професори од битолската Гимназија "Јосип Броз Тито". Професорката Фанија Наумовска е ментор на тимот ученички - Ана Марија Вељковиќ, Ангела Талева и Матеја Ѓоргиевска кој ја создаде апликацијата ДЕМЕТРА ВИ и со неа се претстави на Форумот на жени и девојки што се одржа во Будимпешта. -Оваа апликација на нашиот тим беше прогласена за најдобра иновативна идеја од Македонија. Апликацијата е создадена за да им даде информации на жените – земјоделки како да формираат агробизнис и да станат дел од женското претприемништво, објавија од Гимназијата.
Успешно реализирана симулација на пожар во основното училиште ,,Кочо Рацин " во село Ивањевци, со цел подигнување на свеста и подготвеноста на учениците и наставниците за евентуални вонредни ситуации.
