2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Божиќ е празникот на љубовта и мирот, денот кога се слави Христовото раѓање. Божиќ е голем празник за семејството, да се обноват старите традиции, а и да се потсетиме на вистинските вредности, да заборавиме на лошото и да научиме да простуваме и го отвориме срцето за другите. Oва се денови за мир во срцето и радост во душата.

Ви посакувам среќни и весели Божиќни празници!

Христос се роди!

Со почит,
Јасмина Гулевска
градоначалник на Општина Могила

 
 
 
 

По повод големиот христијански празник, Рождество Христово- Божиќ, ЈП „Стрежево“ до верниците од православната вероисповед упатува честитка со желби за добро здравје, лична среќа, радост и бериќет во семејствата.

По повод големиот христијански празник, Рождество Христово- Божиќ, АД ЕСМ Подружница РЕК Битола, до верниците од православната вероисповед упатува честитка, со желби за добро здравје, лична среќа, радост и бериќет во семејствата.

По повод големиот христијански празник, Рождество Христово- Божиќ, Јавните претпријатија Водовод, Нискоградба и Пазари од Битола,  до верниците од православната вероисповед упатуваат честитка, со желби за добро здравје, лична среќа, радост и бериќет во семејствата.

Над илјада деца од Бадниковата поворка денеска прошетаа по Широк Сокак  и празнично го обоија градот.

За Коледе Битола како да ја погоди Трета светска војна. Огномет и петарди имаше повеќе отколку за Нова година. Битолчани за коледарската вечер прославија и со богат поротехнички арсенал.

Битолчани не можат без коледарски огнови, тоа го докажаа и годинава. Не е еколошки, не е верски обред, но факт е дека е традиција врежана во колективното однесување со десетици години. Ако се изезмат пијанките, дружбата околу огнот барем е чин на социјализација.

Долга колона возила се создаде попладнево на патот за Пелистер веднаш над бензиската станица "Макпетрол".

Поради подмрзнатиот коловоз, сообраќајната полиција  го регулираше сообраќајот и за кусо време забрани движење со возила кон Пелистер.

Шпекулации се информациите што се шират на социјалните мрежи дека некој го ископал мразот на лизгалиштето во Битола и сечел цевки.

Зоран Дојчиновски, директорот на Јавното претпријатие за паркинзи, кое стопанисува со лизгалиштето во телефонски разговор за Апла.мк соопшти дека не се случила никаква саботажа, како што се пишува на фејсбук. Тој објасни дека поради голема посетеност од преку 400 лизгачи, се истанчил мразот и се јавил проблем со една од цевките. Вработени лица во претпријатието го санирале дефектот и денес лизгалиштето работеше без проблем.

Дојчиновски вели дека лизгалиштето е под надзор 24 часа и нема никаква шанса некој да го оштети. 

Ж.З.  

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани