2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Специјално признание му беше доделено на градоначалникот на општина Новаци, Љубе Кузманоски од Здружението на иселеници од Македонија во градот Ајдин, Турција, во знак за благодарност за доближување на македонскиот и турскиот народ и нивната култура преку збратимувањето со турската општина Караџасу.

Во четиридневна посета на градот Ајдин, Република Турција, престојува делегација од Општина Новаци предводена од градоначалникот Љубе Кузманоски и претседателот на Советот на општина Новаци, Наумче Смилевски.

За време на посетата на Република Турција, градоначалникот Кузманоски потпиша Декларација за збратимување на општина Новаци со општината Караџасу.

По повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената, дел од членовите на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Битола, ја посетија градоначалничката Наташа Петровска. Тие донесоа рачно изработени предмети од нивните членови и со голема радост и ги подарија на градоначалничката. Таа им се заблагодари и ја изрази својата поддршка која и натаму ќе ја дава Општина Битола за овие лица.

Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост е доста активен и нивните членови досега имаат организирано неколку изложби на своите изработки. Просториите на „Порака“ кај Дрвен Пазар се збиралиште на лица со интелектуална попреченост и други хумани битолчани кои заедно организираат бројни манифестации на кои до израз доаѓа таленот на оваа категорија граѓани.

„Ниту во Битола мајмун не мора да игра  –твојот пријател од Битола“, токму ваква порака беше закачена деновиве  на еден од електричните столбови кај Гроздот во центарот на Битола.

Битолчанка  се здобила со тешки скршеници по екстремитетите откако автомобил удрил во неа и воопшто не застанал туку избегал од местото на несреќата. Полицијата сега трага по него и се прибираат податоци од очевидици.

-На 08.03.2019 година во 08 часот во СВР-Битола било пријавено дека во Битола на крстосницата од улицата “Прилепска“ и улицата “Батаљон Стив Наумов“ непознато возило управувано од непознато лице удрило во пешак В.Б.(50) од Битола, по што го напуштил местото на настанот. В.Б. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани од страна на лекар од Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Битола и се работи на пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот, информираат од СВР-Битола.

Спогодба за отворање на граничниот премин Маркова Нога – Лемос  во регионот на Преспа, потпишаа денеска македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров и алтернативната министерка за надворешни работи на Грција Сиа Анагностопулу

Во четиридневна посета на градот Ајдин, Република Турција, престојува делегација од Општина Новаци предводена од градоначалникот Љубе Кузманоски и претседателот на Советот на општина Новаци, Наумче Смилевски.

За време на посетата на Република Турција, градоначалникот Кузманоски потпиша Декларација за збратимување на општина Новаци со општината Караџасу.

На три години затвор е осудена Анета Стефановска од Битола, која како поранешен член на ДИК е една од обвинетите во предметот на СЈО „Титаник 2“ за  изборни нерегуларност за локалните избори во 2013 година.

Иако жените умеат да кажат дека 8 Март не е ден за цвеќе, туку ден кога се одбележува борбата за нивните права, како и тоа дека жената заслужува внимание секој ден, а не само еден ден во годината, сепак, Битола е убава  вака расцветана. А, убаво ги личи и мажите со цвет в рака 

По повод Денот на жената- 8 ми Март, Отсекот за превенција заедно со Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола, денес на повеќе локации низ градот спроведе Сообраќајно воспитна акција со која беа опфатени возачи од понежен пол и пешаци кои правилно ја преминуваат улицата на пешачки премин. 
На совесните учеснички во сообраќајот полицајците им подарија цвеќиња по повод Меѓународниот ден на жената. 

53588190 269417820650156 5705266635670028288 n

53684088 261354541407443 3255072039085539328 n

53820937 294804471427538 2665823781867487232 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани