
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општинскиот одбор на Сојуз на борци-Битола подолг период забележува оштетувања на спомен-бистите во Градксиот парк во Битола,но и во околината на Битола каде има вандализам и сериозно оштетување на спомениците.Во летото 2018 година имаше период каде што беа кршени,туркани главите на спомен-бистите,обојувани и истите беа оштетувани таков случај беше со спомен-бистата на Панде Кајзеро.Моментално,покрај обоените спомен-бисти,сериозно се оштетени спомен-бистите на Стерјо Ѓоргиевски и Коле Љачевски-Љачето како и спомен-бистата на Томаќи Димитровски.
ЈП „Пазари“ од Битола го доби изработениот идеен проект за поставување на фотоволтажен систем, со што ќе може да започне постапката за поставување на фотоволтаични панели.
Осквернавена е спомен-бистата на борецот од Втората Светска војна, Стерјо П. Ѓеорѓиевски (1922-1942) поставена во Градскиот парк во Битола.
Наскоро повторно ќе се бележат пешачките премини, соопштија од Општина Битола. Бележењето ќе го прават неколку екипи на терен, најпрво во централното градско подрачје, особено на пешачките премини кај училиштата и фреквентните улици, а потоа, ќе се продолжи и во останатиот дел од градот.
Општина Битола, согласно потпишаните договори со операторот за изведување на пешачките премини, побара од изведувачот на сите места, на кои што бојата од претходното бележење на хоризонталната сигнализација во градот не се задржа во потребниот рок, да го повтори бојадисувањето на сопствен трошок.
Реновирани се соблекувалните и осветлувањето во фискултурната сала во Основното училиште „Климент Охридски“ во Битола со средства на Општината, РЕК „Битола“ и Советот на родители.
„Со реконструкцијата на соблекувалните во фискултурната сала се обезбедија подобри услови за учениците кои на број се 956 во училиштето“, рече директорката Гордана Анастасова.
Синџирите на неколкуте влезови во Старата битолска чаршија кои не дозволуваат влез на возила на оваа локација утрово повторно се вратени на своето место.
Наставници и ученици од Италија, Грција, Романија, Полска и Португалија од денеска се гости на ОУ „Стив Наумов“ од Битола, во рамките на проектот „Зелени училишта за одржлива иднина“ кој на неколку теми се реализира од 2017 година како дел од Еразмус програмата
Со камиoнчиња, во било кое време од денот кога фрекфенцијата на пазарџии е најголема се врши дотурот на стока по дуќаните и кафеаните во Старата битолска чаршија.
Откорнати и украдени се 8 од вкупно 16 садници што во декември ги засадија учениците заедно со наставниците во училишниот двор на ОУ „Коле Каниански“ во Битола.
Употребени гуми од автомобили и трактори средношколците од „Еко герила “ од Ресен ги претворија во корпи за отпадоци.