2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

НА ДЕНЕШЕН ДЕН , 12 септември, во 1942 година, од буграската окупаторска полиција, кај селото Болно, Ресенско, е убиен Стеван Наумов-Стив, истакнат припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.

Општина Могила денеска слави 23 години постоење.  Со домаќинско и одговорно работење општината станува подобро место за живеење, велат од локалната самоуправа.

-23. години ја градиме нашата општина,а јас како градоначалник на оваа општина, чувствувам одговорност да ги исполнам очекувањата на нашите сограѓани, а тоа се Општина Могила да биде подобро место за живеење.

Нашата општина може да продолжи да се менува уште повеќе само доколку се движи во соодветен правец и само доколку граѓаните придонесат во процесот на нејзината промена искрено и со убедување, чекор по чекор движејќи се кон правците на развојот, за еден ден да наликува на вистинска европска општина, рече на свеченоста градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска.

Градоначалничката Гулевска, заедно со претседателот на Совет, Александар  Јанкуловски, советници и вработените од општина Могила , вработени во ЈКП „Пела Хигиена“ и претседателите на месните заедници како и пензионерското друшво од општината положија  свежо цвеќе на спомениците Димче Могилчето, Захарија Шумљанска, Парашкев Цветков и Иљо Лопатички.

јассс

Во текот на оваа година во Општина Могила се изврши изградба и реконструкција на четири училишта. Подрачното училиште во село Ношпал каде што се изгради ново монтажно училиште со нова опрема и нова ограда околу училишниот двор

Во централно училиште во селото Добрушево во тек е изградба на нова фасада на училиштето, сменета е нова ПВЦ дограма и исто така поставен е и котел за  парно греење во училиштето.

За подрачно училиште во село Радобор направена е санација на кровна конструкција и промена на кровниот покривач, заменет е стариот под од штици со бетонска плоча со завршен слој од линолеум, се изгради санитарен чвор во склоп на училиштето, спуштени плафони, поставена е нова ПВЦ дограма со термопан стакла и направено е санирање со пребојадисување на цела фасада на училиштето како и изведба на комплетна електроинсталација.

Во подрачното училиште во Долна Чарлија поставена е нова дограма на дел од објектот, направена е санација и пребојадисување на фасадата на училиштето, изградени се нови санитарни чворови во објектот, се изврши санација на дел од кровот, се изгради нова бекатонска патека за пристап до школото а исто така е поставена нова електроинсталација.

За училиштата во селата Радобор и Долна Чарлија од буџетот на Општина Могила се издвоени вкупно финансиски средства од 2.388.682,3 денари. Од Генералниот конзулат на Република Бугарија е извршена донација од 2.452.320 денари, а за реализација на проектот беа извдоени дополните 63.637,7 денари од Буџетот на Општината, рече Гулевска.

јас 2

јас 3

Во текот на оваа година исто така работевме на изградба на канализациона мрежа и пречистителни станици. Го доизградивме Крак 3 на канализациона мрежа во село Могила. Општина Могила изготви  роектна документација и започната е реализацијата на проектот Пречистителна станица со дел од канализациона мрежа во населено место Добрушево.  Во тек на изведба е дел од крак на канализација со пречистителна станица во село Добрушево по договор со Изофас со вкупна вредност од 6.795.026 денари. Исто така имаме подготвено проектна документација за канализациона мрежа со пречистителна станица во село Ивањевци.

Во тек е изградба на патот помеѓу селата Српци и Беранци а за овој проект одобрени се финансиски средства во износ од 9.552.669 денари.

Оваа година со одлука на Комисијата за јавни дејности средствата предвидени за прослава по повод 23 години од постењето на Општина Могила во вредност од 60.000 денари, ќе бидат донирани за набавка на 90 столчиња по 30 за секое од трите централни училишта во општината, а исто така ќе бидат донирани 10.000 денари за црквата Св. Недела во село Могила.

Како што беше објавено во текот на минатата недела, во Општина Могила со поддршка на УСАИД, битолската млекара Бимилк и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде изградена агроекономска зона која ќе биде прва од ваков тип во нашата држава.

Општина Могила продолжува да чекори по ваквиот развоен пат настојувајќи да ги зајакне економските капацитети.

Општина Могила по 23 години од своето постоење е многу поблиску до европските стандарди - не само по урбаниот лик, туку и според развојот кој и обезбедува видно место на скалата на привлечни економски дестинации.

Општина Могила е формирана на 12.09.1996 година, со донесување на Законот за територијална поделба на Република Македонија.

Попладнево, по написот на Апла.мк, експресно   отстранет е креветот  и другата покуќнина што инвалидизрано лице ги донесе пред Матичното одделение, кај поранешно „Борово“ во центарот на Битола. На местото вечерва имаше само ѓубре, шишиња и една празна гајба, а битолчанецот кој е познат во јавноста, веќе не беше таму.

Ранливите социјални категории домаќинства кои живеат во најзагадените градови Битола, Кичево, Скопје и Тетово ќе бидат приоритет за бесплатна замена на печките на огревно дрва со инвертер-клима. Субвенцијата ќе биде во вид на ваучер во износ од 60.000 денари, најави денеска на прес конференција заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули.

Нова дограма соодветна на објектот денеска доби Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола. Под надзор на Завод и музеј Битола старите прозорци се заменети  со дрвени во темно кафеава боја.

Веќе трета година по ред затворена е Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола поради лошата состојба во која се наоѓа објектот. Кога ќе биде отворена повторно за посетители, не може да се предвиди, зашто парите издвоени од Министерството за култура не стигаат за забрзано да се реновира. Според пишувањата на медиумите годинава, од вкупните потребни средства за конзервација и реставрација на фасадата што ги побарал битолскиот Завод и Музеј, беа одобрени само шест проценти.

Оваа година, со Годишната програма на Министерството за култура се доделени само 350.000 денари од повеќе од 5.799.000 денари колку што беа побарани за целосна реализација на проектот.

гоце 3

Во меѓувреме повлечена е и дотогашната музејска поставка  заради нејзино обновување и осовременување, но најмногу заради лошата состојба на самиот објект.

Како што е веќе познато во првата фаза, во 2016 беше изработена проектна документација за осовременување на куќата. Минатата година беа доделени 250.000 денари за реализација на предвидените активности, со што беше комплетно заменета електричната инсталација и беа преземени некои помали зафати во ентериерот.

Пред повеќе години, едно семејство живееше во куќата и така придонесуваше да биде отворена и одржувана. По смртта на членовите на ова семејство, посетите се најавуваа во Завод и музеј. Денес, куќата е затворена.

гоце 2

Во оваа куќа, Гоце Делчев во 1901 година престојувал во домот на тогашниот началник на Реонскиот комитет на ВМРО во Битолско, Михаил Ракиџиев. Во Битола останал два месеца, а за тоа време, во битолскиот затвор го посетил и војводата Даме Груев и остварил средби и со други истакнати припадници на револуционерната организација. На заминување, во знак на благодарност, му подарил пиштол на Ракиџиев, што како реликвија се пренесувал од генерација на генерација и на крај, завршил како вреден експонат во Спомен куќата.

Куќата содржеше две изложбени простории со вкупна површина од 37 квадратни метри. Едната имаше документи и фотографии за дејствувањето на војводата, а во другата, каде Делчев ги одржувал состаноците, беше задржан ентериерот во оригинална состојба. Таму беше и гобленот извезен од разнобојни монистри, кој за спомен му бил даден на Ракиџиев од политичките затвореници во Централниот битолски затвор.

Се известуваат граѓаните на општина Битола дека поради работа на екипите на Електродистрибуција (ЕВН) на улицата „Климент Охридски“ во Битола без напојување со електрична енергија од 07 до 14 часот на ден среда 11.09.2019 година ќе бидат просториите на дирекцијата на ЈКП „Водовод“. 

Странките не ќе можат да добиваат извештаи, сметки, фактури, картици, а оние кои ќе доаѓаат за наплата на вода со себе да ги носат сметките или фактурите за наплата. 

 ЈКП „Водовод“

Вчерашниот пожар во старата битолска чаршија уште еднаш на мегдан го изваде нашиот сеирџиски менталитет.

До најмногу илјада евра субвенции од државата ќе добијат граѓаните кои ќе одлучат да го промената начинот на затоплување на своите домови од печки на огревно дрво со инвертор клими. Ваква можност ќе имаат жителите на Битола и Кичево, градови во чија близина се наоѓаат термоелектраните на јаглен  и каде  има високо аерозагадување, како и жителите на Скопје и Тетово, исто така гардови каде загадувањето на воздухот е големо. Субвенциите ќе изнесуваат најмногу 60 илјади денари, а вкупниот буџет ќе го обезбеди државната компнаија ЕСМ. 

-АД ЕСМ како профитабилна компанија доби обврска од Владата дел од средствата што ги има од минатата година како капитална добивка да ги вратиме од граѓаните кај граѓаните. Во најскоро време ќе добиеме заклучок со кој ќе бидеме обврзани како компанија да субенционираме во делот на инверторите и замената на нееколошките традиционални системи за греење, односно дрвата кои треба да се исклучат од семејствата, а за сметка на тоа да добијат целосно субвенционирање на инвертор клими кои ќе го намалат загадувањето и ќе го подобрат амбиенталниот воздух во државата, изјави генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачески по денешната средба во Министерството за економија со ресорниот министер Крешник Бектеши на која се разговараше за тековните проекти во енергетиката.

Тој посочи дека  компанијата за таа намена може да одвои  три до четири милиони евра. 

-Во зависнос од  интересот и ефектот на оваа мерка за наредната година ќе предвидиме и дополнителни средства кои ќе бидат проширени и на останатите градови, додаде Ковачески.

За почеток на оваа мерка се чека зелено светло од Влдата, по што ќе има повеќе информации за граѓаните околу  субвенционирањето  на инверторите  за  домаќинсвтата  кои ќе одлучат да ги заменат печките на дрва со овие клима уреди. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани