2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Попладнево во Битола пристигна специјалниот гостин на 40. ИФФК „Браќа Манаки“, светски познатиот режисер Фатих Акин. 

Големата ѕвезда на македонскиот филм, композиторот Љупчо Константинов додека учел Средно музичко училиште во Битола свиреч во битолскиот бенд „Комети“.Неговиот колега од Битола, композиторот Петар Георгиев-Калица има зачувано фотографија на која Константинов свири соло гитара во бендот, во кој учествувал и неговиот брат Коста Георгиев. Во периодот на шеесеттите години тоа бил најпоуларен бенд во Битола, познат во Македонија, кој често настапувал на гитаријади. 

Јавното претпријатие за паркинзи денес отпочна  со наплата на паркинг услугите на зонското паркирање  во трите зони А, Б и Ц. Со овие паркинг места и затворените паркинзи, претходно  6 години управуваше приватен концесионер

Бев, видов, слушнав!

Битола има своја атлетска ѕвезда чиј рекорди од времето на една поранешна држава, Југославија се уште не може да се надминат.

„Едно кадро за мене, едно за историјата“ било мотото на браќата Милтон и Јанаки Манаки, кои со својот немирен дух ја измениле Битола. Балканската филмска историја почнала токму во Битола, градот со богата културна традиција, каде синоќа беше отворено јубилејното 40-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“ и беа врачени наградите „Златна камера 300“ за животно дело на Едвард Лакман и „Големата ѕвезда на македонскиот филм“ што ДФРМ му ја додели на композиторот Љупчо Константинов.

Тешко е да се балансира со буџетот што го имаме зашто патувајќи низ Македонија слушам за успеси, но има и поплаки. Целата на посетата е да се увиди каде се направени пропусти и да не ни се повторуваат големите грешки од минатото, рече министерот за култура Хусни Исмаили кој денес ги посети установите од културата во Битола.

Нова сценографија за гостите на црвениот тепих на 40 јубилејно издание на  ИФФК „Браќа Манаки“- Битола. Вечерва гостите на свечената церемонија  ќе имаат можност да поминат низ посебна комора со  холограми  поставена пред Центарот за култура во Битола. Организаторите велат дека се е подготвено  за свеченото отворање на фестивалот.

На отворањето ќе има перформанс кој го подготвува режисерот Срѓан Јаниќијевиќ, кој вели дека „се работи за своевидно синематично доживување во кое и публиката е вклучена како актер, како еден фрејм од ‘филмот’“.
Перформансот го работат со Искра Шукарова и режисерот Јохан Мелин од Шведска. Сценографијата е на Марија Ветероска и Влатко Чачоровски, костимите на Марија Папуческа, а музиката е ремикс на музиката е ремикс на Илија Цветковски од тема од „Среќна нова ’49“ на Љупчо Константинов. Во перформансот (покрај публиката) учествуваат студенти на Факултетот за музичка уметност (катедра за балетска педагогија) и Стефанија Милев.

налов 1

налов 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани