
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битола окована во сињак и магла е доловена и во уметничките фотографии на Ивона Кочов, фотограф од Битола. Поради светлоста смогот добива неверојатна огнена, но и виолетова боја.






А.Б
Група битолски ентузијасти наречени „Операција кино Партизан“ се жалат дека го исчистиле и средиле старото кино кај Долната гимназија со знаење на Народниот театар од Битола кој стопанисува со објектот, а деновиве добиле најава дека просторот ќе биде издаден под наем. Од Театарот, пак, велат дека не отпочнале постапка за издавање на просторот на поранешното кино „Партизан“ зашто од државните институции во неколку наврати било одбиено нивното барање средства од евентулна наемнина да легнуваат на сметка на Театарот.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата денес побараа итна седница на Совет на Општина Битола за да бидат преземени конкретни мерки за намалување на аерозагадувањето.
„Битола ги живее деновите на најголемо аерозагадување, а тоа е погубно за нашето и за здравјето на нашите деца. Браме итна седница на која ќе бидат донесени следните мерки интензивирање на линиите на градскиот превоз, ако треба и овозможување граѓаните бесплатно да го користат во денови во кои загадувањето е зголемено, со што би се намалило значително користењето на автомобилите, регулирање на сообраќајот во централното градско подрачје, забрана за движење на тешки товарни возила низ градот , отстранување од сообраќај на возилата кои не ги задоволуваат потребните еко стандарди, ослободување на учениците од настава и уште ред краткорочни мерки кои се во надлежност на Општината и градоначалничката“, рече Олга Лозановска, советник од ВМРО-ДПМНЕ.
Таа додаде дека ситуацијата со загадувањето е страшна, опасна по животот и здравјето на битолчани и таа не смее повеќе да се крие и да не прави ништо.
Овој пат фронот не е на улицата и во протестите. Проблемот со аерозагадувањето не се решава со бојкот на наставата, туку таа борба започнува во училишните купи и се води на образовен, културен и граѓански начин, им порача Петар Николовски претседател на СДММ на средношколците по најавите дека утре извесна група организира марш со бојкот на наставата.
Прочистувачи на воздух добија основните училишта во населените места Могила и Ивањевци, велат од Општина Могила.
Основното училиште „Гоце Делчев” - Могила доби 3 прочистувачи на воздух, а еден прочистувач е за училиштето „Кочо Рацин” во Ивањевци.
-Станува збор за набавка на апарати за прочистување на воздухот како дел од активностите од Планот за чист воздух на Владата што се спроведуваат во рамките на борбата против аерозагадувањето, велат од Општина Могила.
