
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вработените на АД ЕСМ од дирекцијата и од подружниците во Скопје, Битола, Тетово, Гостивар, Струга и Кавадарци се вклучија во државната акција за чистење која се спроведе денеска.
Вработените во јавното претпријатие „Стрежево“ - Битола, масовно се приклучија кон акција што под мотото „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“ во организација на Владата и иницијативата „Не биди ѓубре“ Денес се спроведе организирано чистење на браната кај Стрежевското езеро со придружните објекти со посебен акцент за разубавување на просторот околу кула зафат.
За Битолската полиција денес беше работен ден. Го искористија како и сите други државни институции за да го исчистат кругот на СВР Битола, а и пошироката околина. Полицајците и други вработени во текот на денешната акција ги засукаа ракавите и од разни отпадоци го исчитија кругот околу Управната зграда.






Основното училиште „Стив Наумов“ од Битола изработи проект за почист воздух во училницата, гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола истражуваше дали има тешки метали во почвата во Битолско, училиштето „Димитар Влахов“ од Струмица направи филтер со зеолит кој ги прочистува издувните гасови од автомобилите, а ОУ „Манчук Матак“ од Кривогаштани прочистителна станица преку која отпадните води ќе можат прочистени да се користат во земјоделието.
Петтата претпоследна сесија од проектот „Европа на врата“, чиј партнер е Општина Битола, неодамна се одржа во Белград, Република Србија.
