2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Македонско-хрватското друштво и хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ" во соработка со Центарот за култура во Битола, организираат Божиќен и Новогодишен концерт, со настап на машкиот вокален состав Подворје од Каштел Сучурац, Хрватска.

Концертот ќе се одржи во петок, 13-ти декември, со почеток од 19.30 часот, во Малата сала на Центарот за култура во Битола.

Секоја година божиќните концерти на Хрватскиот културен центар се вистински предновогодишен подарок за битолската публика, но и гостите кои доаѓаат од другите македонски градови, но и надвор од државата, преку хрватската музика да се ужива во една предновогодишна магија во срцето на Битола.

Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“, секоја година традиционално го одбележува Божиќ, со гостување на ансамбли и групи од градови од Хрватска или места на Балканот, каде дејствуваат хрватски здруженија. Културните гостувања и соработки траат долги години колку што постои и друштвото „Марко Марулиќ“, се со цел презентирање и запознавање на македонската јавност со богатата хрватска култура и традиција. Изминатите години во текот на своето 25 годишно постоење, ова здружение организираше многубројни гостувања како на хрватски здруженија, ансамбли и уметници во Битола, така и на македонски театри, уметници, ансамбли во Хрватска. 

Во понеделник во Бар чаршија со почеток од 17,30 до 19,30 часот ќе се одржи размена на книги и книжевни муабети.

„Време е за зимска размена на книги и книжевна дружба со убави луге, книги и книжевни муабети. Сите љубители на книгата се добредојдени. Понесете ги книгите што сте ги прочитале, а сепак знаете дека повеќе нема да ги читате. Имате можност да се размените со читател кој ќе ви даде книга што не сте ја прочитале. Но најважно од се е дружбата, позитивните луѓе и пријатната атмосфера која кружи наоколу“, велат организаторите.

Ж.Здравковска

Битолската полиција ги известува граѓаните и правните субјекти во подрачјата под надлежност на СВР-Битола дека е забранета и казнива дистрибуцијата и продажбата на петарди и други пиротехнички материјали. За ова кривично дело се предвидени парични казни и казна затвор до три години.

„Исто така се предупредуваат граѓаните дека со употреба на петарди и други пиротехнички средства можат да предизвикаат опасност од самоповредување и повредување на други лица и тоа повреди на екстремитети,губење вид и сл., а со нивна употреба на јавно место го загрозуваат мирот и безбедноста на останатите граѓани. За прекршителите предвидени се парични казни во противвредност од 200-500 евра,а за родителите чии деца вршат прекршоци од овој вид,заради занемарување и негрижа предвидени се глоби од 600 до 800 евра во противвредност“, соопшти Сања Стаматова, портпарол на Битолската полиција.

СВР-Битола ќе презема континуирани,редовни, но и зајакнати акциски контроли заради откривање и санкционирање на лица и правни субјекти кои ќе постапуваат спротивно на законските одредби.

Зоран Ставрески во телефонски разговор со негова колешка, во афект ме нерекол „копиле” и „корумпиран до даска”. Тој разговор каде еден искажува невидено нетрпение е основ СЈО да не гони. Тоа обвинение ни ги измени животите и ние сите се трудиме да докажеме дека не сме виновни. Ова во своја одбрана денеска во Кривичниот суд го рече првообвинетиот во аферата „Транспортер” Владимир Талески.

Тој објасни дека тогашниот министер за финансии тоа го кажал ден после протестот на автопревозниците во Битола, откако барале да бидат зголемени сумите за превоз на ученици на делниците за кој биле ангажирани. Талески тврдеше дека ургирал усно и писмено кај двајца министри за образование и кај министерот за финансии, но безуспешно.

– Министерот за финансии ми рече дека на сметката на општина Битола имало доволно пари и ми рече си имаш Совет, пренаменете пари – рече обвинетиот Талески.

Тој нагласи дека на тогашниот министер за финансии му укажувал дека тоа не може да го стори бидејќи било незаконски, дека ургирал кај тогашниот премиер да се реши проблемот, но ништо не помогнало.

– Автопревозниците одржаа протест во центарот на Битола, кај градското шеталиште, каде ги паркираа своите автобуси. Тоа беше топ вест тој ден во медиумите. Министерот помислил дека јас наводно стојам зад организираниот протест, па следниот ден уследил тој телефонски разговор со негова колешка каде тој ме нарекува „копиле“ и „корумпиран до даска“ – рече Талески.

Слободен печат

Од страна на домашните менаџери во дел од компаниите со странски капитал во земјава се врши голем притисок врз работниците синдикално да не се здружуваат, а голем удел во ова имаат и некои државни трудови инспектори кои не се на ниво на задачата, рече Слободан Трендафилов од Сојузот на синдикати на Македонија на денешната јавна дискусија „Синдикално здружување во приватниот сектор“ во организација на МКЦ-Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани