
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Фотографии на Горан Петровски















Секој во оваа земја што направил криминал ќе си одговара, порача премиерот Заев на денешната трибина во Битола. Тој како што рече ги повикува институциите истрагата да оди до крај , без оглед за кој се однесува, а во истовреме ќе се врши проветрување и во судството и во обвинителството, зошто мора да се среди правната држава.
-Мора да ги средиме институциите во државата, да ставиме ред и во судството и во обвинителството, тоа е рак рака. Го слушам Мицковски овие денови вели –сите што биле амнестирани не требало да се бават со политика. Ами одговорноста бе брат, каде е ? Ќе заборавиме, нема да одговараат? Не, не, ќе одговараат сите до еден. Најважно е да одговраат , секој кој се огрешил пред законот ќе одговара за да не му падне на памет во иднана да прави вакви криминални дејствија кои се случуваа 11 и пол години во нашата држава.
Драги Крстев е реизбран за претседател на ОО на НСДП во Битола. Крстев по втор пат ја доби довербата од новите социјалдемократи да ја води партијата, откако на чело на партијата застана пред четири години кога НСДП беше во опозиција. За вчерашниот реизбор тој немаше противкандидат.
Драги Крстев е магистер по меѓународно право и вработен како раководител на правната служба во РЕК-Битола.
Синоќа во хотелот Епинал во Битола се одржа 11-та Изборна Конференција на Општинската Организација на НСДП Битола, на која присуствуваше претседателот на НСДП Тито Петковски и потпретседателот на партијата Горан Мисовски.
Присутни беа 70 делегати кои одлучуваа за изброт на нов Извршен Одбор, Надзорен Одбор и претседател на општинската организација.




Утре, сабота, во 12 часот на трибината „ На прав пат“ што ќе се одржи во Центарот на култура во Битола ќе присуствува претседателот на СДСМ и премиер на Република Северна Македонија, Зоран Заев, градоначалничката Наташа Петровска и претседателот на комисијата за спорт при СДСМ, Наумче Мојсовски, најави советничката и секретар на ОО СДСМ Битола, Жаклина Наумовска. 
„За само две години направивме повеќе во корист на граѓаните од единаесет години. За две години ги зголемивме платите, пензиите, отворени се повеќе фабрики и повеќе работни места, инвестирано е во патишта, исплатени и доделени субвенции. Со домаќинското работење на локалната власт, образованието и градинките функционираат непречено. Станавме предводници на концептот 50-50 на жени во политиката! За две години од заробеност постигнавме и достигнавме да имаме силна преспектива и обезбедена иднина. Од изолирана земја, сега сме земја светол пример за сите. Стануваме 30та земја членка на НАТО“, рече Наумовска.
Започна асфалтирањето на улицата „Крушевска Република“, во должина од 140 метри, ширина на коловоз од 14 метри и поставување на два тротоари со ширина од по два метри. Претходно на улицата беше поставена нова водоводна инсталација и атмосферска канализација. Во моментов се одвива фаза на асфалтирање на првиот асфалтен слој и поставување на улично осветлување. Вредноста на оваа инвестиција е 7.300.000 денари.

Холот на Гимназијата „Јосип Броз Тито“ денес беше полн со штандови здрава храна. Таму за првпат се одржа македонско-словенечки доручек со цел да се влијае кај учениците да се хртанат здраво, но да се поттикнат и школите за воведување здрав оброк за учениците. Настанот беше организиран под покровителство на Амбасадата на Република Словенија и „Бага фуд“ од Битола, а во соработка со Гимназијата и Словенечкото здружение „Триглав“ од Битола.
