
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вработените во ЈКП Водовод-Битола ќе го добијат покачувањето на платата од 5 % заклучно со ноемвриската плата, за што одлука е донесена и од Управниот одбор пред една недела, потврди на денешната прес-конференција првиот човек на ЈКП Водовод, Горан Козаров.
Денешниот студен, но сончев ден и првата подебела снежна покривка на Пелистер годинава, го покажаа целиот раскош на нашиот планински убавец. Двајца планинари, Живко Најдовски и Лазе Каранфиловски, утрово се искачија на Пелистер и ја доловија неговата убавина во зима
Е.М.


Пет члена екипа од Горската служба за спасување од Битола учествуваше во потрага по преживеани лица од земјотресот во хотелот „Мира Маре“ во Драч, Албанија. Пред земјотресот хотелот беше на неколку ката со десетици соби за туристи, а по катастрофалниот земјотрес беше протворен во рушевина.
„Работевме заедно со тимови од Србија и Црна Гора на рушевините од хотелот каде немавме потврдна информација од тамошните служби дали е пронајдена исчезната девојка или се уште е внатре. Во потрагата ни помагаа тимови од Швајцарија, Италија и Фрнција кои асистираа со кучиња трагачи и камери за пребарување. Поради ризичниот терен имаше само до некаде услови за да се постават камерите“ , велат членови од Горската служба за спасување од Битола.
Се врши ревизија на сите рударски проекти во РЕК Битола, а бројките треба да покажат која ќе биде иднината на комбинатот, и какви се можностите за транзиција кон други еколошки енергенси за производство на електрична енергија.
Денеска започна еколошката акцијата за засадување на 50 илјади багремови садници на старите одлагалишта со пепел во РЕК Битола. Пошумувањето го спроведуваат Државните електрани и комбинатот, а целата е да се намали загадувањето од овие одлагалишта. И лани ридиштата со пепел беа пошумени со 50 илјади садници, со што за само две години вкупната бројка е 100 илјади садници, што е една третина од вкупниот број на засадени дрвца откако постои комбинатот, истакна генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.
АД Електрани на Северна Македонија на посебна седница на Управниот одбор донесе одлука да донира 3.000.000 денари помош за настраданите во земјотресот во Албанија од 26.11.2019г. Средствата ќе бидат уплатени на наменската сметка за помош која е отворена од Црвениот крст во нашата земја, по повод овој трагичен настан.
Исто така, генералниот директор на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски упати писмо до генералниот директор на државната електро-енергетска компанија на Албанија, КЕШ, Бенет Беци, во кое изрази длабоко сочуство за загубените животи и за трагедијата која ја погоди земјата. Како деловни партнери од две пријателски држави, Ковачевски понуди секаква помош која е потребна и која АД Електрани на Северна Македонија може да ја пружи во овие тешки моменти за да им се излезе во пресрет на граѓаните од загрозените подрачја.
Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој го објави јавниот повик за доставување на барањата за мерката 115- активен женски член во земјоделското домаќинство во Програмата за рурален развој. Максималната финансиска поддршка изнесува 180 000 (3000 евра) во форма на гранд, најави Татјана Крнчева Координатор на Форум на жени на СДСМ во Битола.
„Оваа мерка како поддршка на жените земјоделки се воведува првпат, а целта е да се подобри економската состојба на жените, да се зголеми бројот на регистрирани жени земјоделки кои подеднакво ќе придонесат за развој на земјоделството. Крајниот рок за доставување на барањата е 26 декември годинава, а корисници можат да бидат земјоделски стопанства чиј носител е жена, запишани во Единствениот регистер на земјоделските стопанства во Министерството за земјоделство“, рече Крнчева.
Со овие средства може да се набави опрема за ладење, замрзување, сечење, конзервирање, опрема за манипулација, утовар и истовар, ладилници, за мерења и квалитет и друго.
Дополнително преку мерката женски активен член во земјоделското домаќинство се промовира и диретна продажба или продажба од праг зашто е подготвен и правилник за флексибилност за производи од животинско потекло со што идентитетот и квалитетот на производот што го призведуваат жените во руралните подрачја ќе дојде до израз. Оваа мерка ја креираше посебна новоформирана група за родова еднаквост и зајакнување на жените.
„Со ова СДСМ уште еднаш потврди дека е политичка партија со високо ниво на родова сензитивност во сите сфери. Ја мотивира и поддржува жената како столб на ова општество и го обезбедува нејзиното заслужено место и улога“, рече Крчева.
