
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Селото Поешево е најзагадено од 19 битолски села со олово, манган и хром. Ова го покажа истражувањето за присуство на тешки метали во почвата на потегот од Битола до РЕК што го спроведоа ученици и професори од Гимназијата ,,Јосип Бриз Тито" од Битола. Поешево, едно од најблиските села до Битола, оддалечено само неколку километри од градот, има над максимално дозволените концентрации на олово, а исто така зголемено присуство на манган и хром во почвата.
Двата битолски ркометни клуба РК „Еурофарм Работник“ и РК „Пелистер“ денеска се фузираа во „Еурофарм Пелистер“
Организацијата на жени од Битола од понеделник започнува хуманитарна акција со која ќе им се помогне на луѓето кои останаа без својот дом во подрачјето погодено од земјотресот во Албанија. Претседателкта на Организацијата на жени од Битола, Светлана Петковска, на својот ФБ профил објави распоред кога сите заинтересирани можат да достават облека и храна
„За сите кои се заинтересирани да донираат алишта и храна за настраданите во земјотресот во Албанија, Организацијата на жени организира собирна акција во просториите на КУЌАТА НА ЧЕСНИТЕ СЕСТРИ ВО БИТОЛА, спроти Пелагонка 2, во деновите:
-ПОНЕДЕЛНИК 02.12. од 16-18 часот
-ВТОРНИК 03.12 од 16-18 часот
-СРЕДА 04.12 од 16-18 часот
-САБОТА 07.12 од 12-14 часот
Долгоочекуваното фузирање меѓу РК „Еурофарам Работник“ и РК „Пелистер“, конечно ќе се случи утре во 9 часот наутро за кога е најавено потпишувањето на договорот меѓу Општина Битола и РК „Еурофарм Работник“.
Државните електрани и „Гирисим Електрик” од Турција денеска во Владата потпишаа договор за изградба на фотонапонската електрана „Осломеј“ со инсталирана моќност од 10 мегавати, во вредност од седум милиони евра. Од нив 5,9 милиони евра се заем од Европската банка за обнова и развој, а 1,1 милион сопствени средства од АД ЕСМ. Согласно договорот, фотоволтачината електрана треба да биде изградена за 10 месеци и од следната есен да почне со производство.
Општинската организација на ДУИ од Битола во соработка со фирми од градот овозможија Горската служба да отпатува за Албанија каде ќе пружа помош во погоденото подрачје од земјотресот.
Екипата веќе е на пат за Албанија, се состои од пет специјализирани лица за постапување во елементарни непогоди. Горската служба во Албанија ќе остане два дена и ќе помогне во акцијата за спасување и расчистување на теренот по катастрофалниот земјотрес.
Ж.З.
Битола вчера вечер била повеќе загадена од Новаци иако на нејзина територија е комбинатот „РЕК“ Битола. Ова го покажаа податоците од деветтиот сезнор што го постави Платформата „Земи здив“ за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола. Деветтиот сензор е поставен на фасадата од општинската зграда во Новаци оддалечена на 2 километри од РЕК, а во Битола на различни локации се поставени осум други мерачи на квалитетот на воздухот од „Земи Здив“.
За дел од проектите и инвестициите реализирани во повеќе области, а истовремено и решавање на затекнатите проблеми и санирање на претходните долгови, информираше на денесата прес конференција градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.
Греењето на дрва во Основното училиште ,,Кирил и Методиј" комплетно ќе се замени со современ систем на затоплување кој нема да ја загадува животната средина, најави градоначалничката Наташа Петровска.
,,За ова основно училиште веќе е потпишан договорот за целосна промена на начинот на греење. Па, греењето на дрва ќе биде минато уште во оваа грејна сезона. Се очекува избраната фирма да го инсталира системот до 19 декември, да биде поставено. Системот на инвертери ќе работи на струја, а дрвата целосно ќе бидат отфрлени како начин за греење", рече Петровска.
Таа најави дека се обидуваат да издејствиваат ист начин на греење и за ОУ„Стив Наумов“.
Александар Касапов е реизбран на функцијата претседател на општинската организација на Либерал-демократската партија во Битола. На 7-то изборно собрание на Либерално-демократската партија-Битола што викендов се одржа во Битола Касапов ја доби максималната поддршка да продолжи да раководи со партијата во Битола. За Апла.мк Касапов вели партијата ќе продолжи со транспарентно,чесно и одговорно.
ЛДП е партија со најдолг стаж во опозиција, за време на Шарената револуција во протестите, но и со свои говорници на истата.
Преку своите советници во Советот, активности на социјалните мрежи и редови прес конференции беше дел од коалицијата која успеа да ја порази погубната политика на ВМРО и Владимир Талески. После парламентарните и локалните избори ЛДП стана дел од централната и локалната власт. Кадрите на ЛДП кои раководеле и раководат со институциите , чесно и поштено, посветено ја извршуваат својата функција. Транспарентното работење на кадрите на ЛДП било и ќе биде одлика на ЛДП и во наредниот париод, изјави Александар Касапов, претседател на ОО на ЛДП во Битола
