
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По повод глобалната кампања 16 дневен активизам за спречување насилство врз жените, водени од паролата Нема Оправдување, ученици од СОУ Гимназија „Јосип Броз-Тито"- Битола во организација на тимот за превенција од насилство предводени од психологот Лидија Споа и професорот Никола Трајковски и оваа година традиционално имаа повеќе активности : кратка драматизација во која беше прикажано семејно насилство, Флеш моб... годинава, во соработка со ученици од ОСМУ "Д-р Јован Калаузи" Битола под менторство на Иле Марковски.





Младинскиот културен центар од Битола по повод петти декември Меѓународниот ден на волонтерите, додели два златни сертификата за волонтерство и тоа на Граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ и на Ротари клубот Битола Широк Сокак.
Со чествување на делото на Горан Стефановски, Универитетската библиотека во Битола „Св. Климент Охридски“ денеска го одбележа својот патрон празник. На неговото творештво се осрвна реномираниеот македонски поет, есеист, литературен критичар Раде Силјан, кој рече дека творештвото на Горан Стефановски е длабоко сраснато за македонската почва, преточено во брилјантен драмски јазик кој комунцира на широки релации.
Република Бугарија донираше 40 000 евра за реконструкција на подрачните училишта „Гоце Делчев“ во селата Радобор и Чарлија во општина Могила. Денес реконструираните школи ги посети бугарската делегација предводена од министерот за здравство на Бугарија Кирил Анaниев, бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов и бугарскиот конзул во Битола, Димитар Иванов.
Атмосферата од новото лед осветлување на Булеварот Први Мај се надополнува и новогодишното украсување.
-Воведовме ново менаџирање во осветлувањето, каде ги воведуваме лед сијалиците со кои само на улицата Васко Карангелевски добиваме заштеда од 9000 евра на годишно ниво. Деновиве продолжуваме со осветлување на Булеварот „Први Мај“, улицата Филип Втори Македонски (поранешна Иван Милутиновиќ), велат од Општина Битола.



