
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Првата дама, сопругата на Претседателот на Македонија, Стево Пенадровски, Елизабета Пендаровска присуствуваше на пуштањето во употреба на реновираната спортска сала во училиштето во Бач и засади дрвце во дворот
Првата дама на Република Северна Македонија Елизабета Пендаровска засади дрвце во дворот на училиштето во новачкото село Бач. Таму денес беше промовирана донацијата од Република Бугарија во износ од 45 000 евра со што се реновира покривот и внатрешноста на училишната спортска сала. Градоначалникот на Новаци Љубе Кузманоски ги пречека министерот за здравство на Бугарија Кирил Анaниев, бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов и бугарскиот конзул во Битола Димитар Иванов.
Факт е дека воздухот во Битола не само што е екстремно загаден, туку е и смртно загаден и фатален по здравјето на многу луѓе. А смртта не бира ниту партија, ниту вера, ниту функција, ниту социјален статус, ниту професија. Мораме сите да признаеме дека мораме да реализираме илјадници мерки за да го намалиме загадувањето, свесен сум дека не треба да губиме време, бидејќи секој изгубен ден, можеби значи некој изгубен живот.
Добра работа, ако во ова сето ова има добра работа, е подигнатата свест кај многу луѓе, кај многу организации, кај многу поединци. Дечките со мерачите Airly, Фејсбук групата Битола сака чист воздух, Битола на точак, Ротари, Зелен Баир, се сè тоа ентузијасти кои искрено се загрижени за решавање на овој проблем и сакаат негово решавање. Јавно се зборува за овој проблем, се апелира, се предлагаат мерки до сите надлежни. Можеби првата работа за решавање на еден проблем е свесноста за истиот. Во Битола, свесноста за овој проблем се подигна на највисоко ниво и тоа ми дава надеж дека сите заедно ќе го решиме проблемот. Знам дека нема да биде лесно, ама оваа битка мора да ја добиеме.
Жалам
Што пред пет-шест години, кога почна да се зборува за проблемот, се изгубија две години за тогашната локалната власт да признае дека воздухот е загаден. Се уште се свежи сеќавањата од прес конференциите во кои не убедуваа дека против „божјите сили“ никој не може да се бори, дека треба да дуваме во маглата и дека сите ние сме животни кои јавно поставуваат маски на лицата и апелираат да се преземат мерки за почист воздух. Се изгубија големи две години, а за 12 години власт само 6 милиони денари за субвенционирање на печки на пелети.
Во овие две години од локалната власт се презедоа многу мерки за Заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на воздухот. Најпрво се оспособи Обиколницата, затворена претходно 13 месеци, се овозможи камионите и автомобилите да не влегуваат во центарот на градот, започна да се гради колекторскиот систем на Пелистер, ќе се гради и Пречистителна станица, Гасоводот е пред Битола, се субвенционираа од општинскиот буџет печки на пелети во вредност од 2,5 милиони денари, велосипеди за 0,5 милиони денари, климатизери во вкупна вредност од 5 милиони денари. За првпат оваа година имавме и Програма за заштита на животната средина, ќе ја имаме и во 2020 година.
РЕК- Битола на два пати организираше акции на кои засади по околу 50.000 багреми, нешто што не се направило никогаш. Многу брзо се очекува, според мене, можеби и најважната мерка во сите овие години, односно директно купување на 2.500 инвертер клими за Битола, клими кои ќе бидат доделени на домаќинствата кои живеат во централното градско подрачје, односно во областите кои се и најмногу загадени. Според мене, ако само половината од оваа бројка искрено ги заменат своите извори на загревање, од дрва на клима, ние ќе ги имаме првите резултати во подобрувањето на квалитетот на воздухот.
Многу брзо
Во Советот ќе ја носиме Програмата за заштита на животната средина за 2020 година. Таа мора да биде многу „поскапа“ отколку таа во 2019 година. Мора да содржи многу повеќе мерки, да биде многу повеќе инвентивна, мора да предвидува повеќе резултати. Мерките кои ќе ги предвидиме во неа треба да бидат поефективни, побрзи и порешителни. Време за губење немаме.
Инспекциските служби мора сериозно да си ја разберат својата работа. Треба да биде казнет секој кој гори масло, лакиран мебел, пластика, гума. Во последниот период, заедно со МВР засилени се контролите, и тоа е за поздравување, ама треба и да продолжи. Граѓаните мора да почувствуваат дека некој се грижи за нив, дека работи во нивна корист, и само така взаемната доверба ќе се зголемува.
Да не се лажиме дека проблемот ќе го решиме за два или три дена. Ама сакаме да го решиме, имаме желба, не се плашиме јавно да проговориме за истиот, а ако така му пријдете на еден проблем, решение ќе се најди.
Пишува: Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола
(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)
НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола утре на свечен настан започнува со одбележување на патрониот празник.
Воведен збор ќе има м-р Бојан Стефановски - директор на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола.
Во програмскиот дел следува чествување на делото на Горан Стефановски со осврт на неговото творештво од страна на реномираниот македонски поет, есеист, литературен критичар господинот Раде Силјан и госпоѓата д-р Весна Мојсова-Чепишевска, редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ; следува госпоѓата Јоана Поповска, доајен на Битолскиот народен театар, со фрагменти од драмите на Горан Стефановски.
Исто така, ќе бидат претставени изданија на Библиотеката и тоа:
- Зборникот на излагања од 14-та Роднокрајна средба со битолските писатели во Македонија и
- Списанието „Библиотечен тренд“ бр.48, промотор е д-р Николче Вељановски, библиотекар советник во НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола.

Ние сме одговорна партија чиј единствен приоритет се граѓаните и подобрување на животниот стандард! Не само што ја гарантираме минималната плата со Закон, туку и континуирано ја покачуваме и ја изедначивме за сите сектори, рече денска на прес конференција Емилија Костурска советник од СДСМ во Советот на Општина Битола.
-Со изедначување на минималната плата во 2017 година за работниците во текстилната и кожарската индустрија постигнавме зголемување на просечната плата во производство на облека за 16%, а во текстилната индустрија за 24%, односно за 3.870 денари. Со зголемувањето на минималната плата, обезбедивме повисока плата за 90.000 граѓани. Во моментот минималната плата во државата изнесува 12.507 денари.
Платите на здравствените работници и соработници од февруари 2020 година рекордно ќе се зголемат. По постигнатиот договор, платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25%, а на медицинските сестри за 10%. Кумулативно заедно со сите други зголемувања од 2018-та наваму, основната плата на лекарот специјалист ја зголемивме за 40%, а на медицинските сестри помеѓу 20 и 23%, рече Костурска.
Според неа потврда за одговорноста на владата е последното покачување на платите на вработените во основното, средното и високото образование од 10 проценти од 1 јануари 2020 година. Ова воедно е трето покачување на платите на наставничкиот кадар, откако претходно две години по ред со септемвриските плати добија покачување за околу 5 отсто. Наставниците за еден нецел мандат на Владата предводена од СДСМ, добиваат повисоки плати над 20 отсто.
Владата предводена од СДСМ во континуитет покажува и докажува дека вистински се грижи за сите граѓани, рече таа.
Заврши капиталниот ремонт на Блок 2 на РЕК Битола. Постројката е синхронизирана со електроенергетскиот систем на РСМ и испорачува електрична енергија согласно потребите на потрошувачите.
Ремонтните активности на Блок 2 на РЕК Битола започнаа на 7 септември и за време на зафатот беше направен капитален ремонт на турбината, за првпат после осум години. Паралелно се одвиваше и првата фаза од реконструкцијата на разладната кула на постројката. Со тоа, зголемена е доверливоста и ефикасноста на Блокот.
По вклучувањето на Блок 2, од работа ќе биде исклучен Блок 1 на РЕК Битола и производството од комбинатот ќе продолжи со Блок 2 и Блок 3, согласно планот за производство на АД ЕСМ и потребите на системот. Во моментов, електроенергетскиот систем на земјата има доволно количество на струја што ја обезбедуваат капацитетите на компанијата. Блок 1 на РЕК Битола ќе остане во состојба на “ладна резерва”, подготвен да биде вклучен во производствен процес во секој момент кога ќе има потреба електроенергетскиот систем на државата.
Во периодот од 01.01.2019 година до 02.12.2019 година, РЕК Битола од планираните 3.025 GWh произведе 3.252 GWh електрична енергиија, односно 108 проценти од планираното.
„Домаќините“ од градот на конзулите пустош ги нпаравија младите садници кои неодмна ЈКП Комуналец ги засади на улицата Солунска. Фотографиите зборуваат сами за себе.
За овој вандализам од јавното претпријатие напишаа-Додека ЈП Комуналец Битола се труди да придонесува и прави градот Битола да биде убав - некој друг придонесува тоа да ГО УНИШТИ!


А.Б
Се известуваат граѓаните корисници на вода дека на ден 05.12. 2019 година (четврток) од 10 до 13 часот поради редовни планирани активности на ЈКП„ВОДОВОД“ Битола одредени делови од градот ќе бидат со намален проток на вода, а во одредени делови ќе има и прекин на водоснабдувањето со вода и тоа:
По пауза од четврт век Народниот театар од Битола во своја продукција на сцена поставува детско-младинска претстава. „Си беше еднаш во иднината“ е новата премиера работена по текст на Сашо Кокаланов, а во режија на Срѓан Јанаќијевиќ, закажана за во петок.
„Како продуцент на претставата сум особено горд што после 25 години со поддршка на Министерството за култура продуцираме една детска и младинска претстава. Имавме обиди и минатите години, но за жал не добивме средства од Министерството да ја ревитализираме или реанимираме детско-младинската сцена во Тетарот во Битола. 25 години беа потребни затоа што некој своевремено решил дека аплицирајќи до Министерството за култура тоа ќе го одземе правото да се добие проект кој би го нарекол целовечерен. Не би рекол дека тоа е некаква незаинтересираност иако би требало да се обрне повеќе внимание зашто тоа е публика која понатаму треба да се едуцира и би требало да се потрудат да го направат тоа макар и на мускули“, рече на денешната прес конференција Иван Јерчиќ, директор на НТБ.
Уметничката директорка Илина Чоревска рече дека нити еден режисер или драматург нема дојдено со детски текст или со предлог да работи детска претстава.
„Тоа говори за тоа колку ние немаме однос кон најмладата публика која мораме и треба да ја едуцираме за театар. Ние сме направиле непоправлива штета во тој поглед. И ова е текст направен по нарачка на Народниот театар од Битола и благодарност до режисерот што се нафати зашто имавме добиени друга претстава од Министерството за култура, а и тие изгледа во пресрет да го сменат текстот’’, рече Чоревска.
Режисерот Јаниќијевиќ рече дека важно е да се имаат младински претстави зашто театарите кога немаат редовен детски репертоар, кога работат претстави за деца, тие се за најмладите, а а младинците се заборавени.
„Постојано има една театарска дупка во образованието, се воспитуваат децата театарски до седум-осум години и кога е најважно за младите од 8 до 19 години многу ретко се случуваат претстави. Дури и Театар за деца и младинци по повеќе од 20 години постоење има две- три младински претстави што е многу малку во однос на другите стотици претстави“, рече режисерот.
Претставата е приказна за две деца Адила, бегалка од Истокот со папагалот Рамин и Андреа чии родители не се дома, но цело време е со својот андроид.
„На една група деца им велам нацртајте вазна, а не знаат што е вазна, не знаат да нацртаат овошја, не зборувам за папаја туку за наши овошја. Нивните братчињата и сестричињата ги отпишуваат од училиштето ‘Ѓорги Сугарев’ и ги запишуваат од други училишта поради предрасуди. Дечиња велат дека учителките, место да доаѓаат 10 минути порано, стигнуваат 10 минути подоцна на час. Претставата ќе отвори еден куп такви проблеми’, рече актерот Никола Пројчевски.
Во претставата ликот на Адила го игра Сандра Грибовска, на Андреа Анастазија Христовска, таткото Мартин е Огнен Дранговски, мајката Матеа -Валентина Грамосли, палагалот Рамин -Никола Пројчевски, Нова-Никола Стефанов, полицаецот Менде Филип Мирчевски, бабата Менче Елена Моше.
Ж.З.
Советничката од ВМРО ДПМНЕ, Елена Трајчевска, член на Советот на Општина Битола, најдоцна за еден месец ќе добие принова, а ова е прво нејзино дете. По подолг период, Трајчевска е прва жена во битолскиот Совет која станува мајка за време на советничкиот мандат. Таа веќе влезе во деветтиот месец, а на седниците на Советот активно ги извршува своите обврски. Рече дека нема да отсуствува од седниците и по породувањето.
