2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Најголемата шетачка зона во градот, Широк Сокак од вчера рано утрото е посипана  со ризла за да не се лизгаат минувачите на гранитните плочки. Според ЈКП „Нискоградба“ ризлата е посипана по реакции на граѓани дека замрзнатиот дожд предизвикал  лизгање и несигурност кај граѓаните при движењето.

-Ризлата е фрлена вдолжи Широк Сокак и сега таа ќе послужи како подлога за новите врнежи од снег кои се очекуваат во четврток и петок, изјави Методи Силјановски директор на ЈКП „Нискоградба“.

Од Нова година досега по улиците низ градот и локалните патишта во општина Битола се фрлени 340 тони сол и 340 кубни метри ризла.

Екс градоначалникот Владимир Талески на досегашните аудиции во Народниот театар во Битола никој не одлучил да го земе во претстава, рече директорот на театарот Иван Јерчиќ. На новинарско прашање дали Талески доаѓа на работа и дали зема плата, Јерчиќ рече „ние познаваме многу повеќе луѓе кои ни се далеку од државата, па земат плата, а не одат на работа“.

„Во минатата година сите подели на улогите функционираа на принцип на отворена аудиција, Владимир Талески досега никој не одлучил да го земе во претстава, кога ќе одлучи некој, ќе се појави тој на работното место“, рече Јериќ.

Марија и Томас Русенгрен од хумантирната организација ХЕНД ТИЛ ХЕНД од Шведска, ја продолжуваат хуманитарната мисија во Македонија. Овој пат донираа 32 пара чизми од шведско производство како ХТЗ опрема за техничкиот персонал во Клиничката болница во Битола.

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион набави две нови возила за собирање на комунален отпад за општините Демир Хисар и Крушево. Проектот се реалзира во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година на Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој

Од ЈП „Пазари“ Битола се категорични дека како организатори на пазарите се против коморски систем на организирање на пазарите .

-Групацијата за зелени пазари е за укинување или одлагање на примената на Законот за трговија на зелени пазари поради ризик од опстанување на пазарите. Групацијата на пазари е против коморски систем на организирање на пазарите.

Градскиот и  Реонскиот  пазар во Битола  располагаат со 702 тезги,  така што во 2018 година се направени договори со 562 тезги, слободни се 140 тезги и од година во година има тенденција на намалување на закуп на тезги на зелените пазари.

Со законот што требаше да стартува на сила услови исполнуваа само 243 закупци од кои  174 земјоделци и 69 невработени. Тоа значи дека ако се примени законот прашање е колку од нив ќе закупат тезги, изјави Владо Атанасовски, директор на ЈП „Пазари“-Битола.

Атанасовски вели дека за овој закон доколку се одложи  треба да се седне на заедничка маса со сите засегнати страни, организаторите на пазари, тезгаџиите, претставници на Министерството за економија и пратениците како предлагачи на законот. По што да се донесе законот во интерес на сите засегнати страни и опстанок на зелените пазари.

Градскиот часовник во Битола два дена не работеше, а денес надлежни екипи од Општина Битола го поправија. Сказалките беа застанати на десет минути до четири часот. Неофицијално дознаваме дека дефектот бил предизвикан од влага која настанала од студеното време и врнежите снег.

Сообраќајната полиција продолжува со контроли на возачите на територијата на Општина Битола.

Поради појава на магла намалена е видливоста од 50 до 100 метри во Битола, Прилеп, Плетвар и на патните правци крак Маврово, крак Стража, информираат од АМСМ.

Студот, снегот и маглата на овој битолчанец не му можат ништо. Тој денеска се прошета по Широк Сокак по куси панталони и ракави, спремен за џогирање, како на среде лето.

Вчера била  пријавена тешка кражба во црква „Св.Архангел Гаврил“ во Битола, откако  непознат сторител  со употреба на физичка сила го скршил цилиндарот од влезната врата од црквата и влегол внатре при што од касата одзел пари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Црквата Св Архангел Гаврил се наоѓа во населбата Довлеџик , на излезот од Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани