2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Утринските температури во целата држава се под нулата. Најстудено беше во Битола каде во седум часот се измерени -18 степени. Веќе две недели  Битола  е со екстремно ниски температури  кои се движат од минус 21 до минус 16 степени.

Утринава е значително облачно и студено, а на планините е потопло. Во Полог има појава на магла. За денеска, Управата за хидрометеоролошки работи најавува претежно облачно време со магла по котлините. Во југозападните делови ќе има слаб локален дожд, а во Пелагонија ќе има услови за замрзнат дожд. Ќе дува слаб јужен ветер. Максималната температура ќе се движи во интервал од -2 до 10 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со слаб јужен ветер и температура до три степени.
Утре ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди, а во следните денови ќе преовладува облачно време со слаби локални врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег. По одделни котлини ќе има појава на магла.

Според развојниот буџет на Општина Битола, објавен на општинската интернет страница,  годинава се планира реконструкција на улицата „Илинденска“ во Битола. Во 2019 од буџетот за оваа намена се предвидени 18 милиони денари, а за 2020 година над 9,5 милиони денари..

Од денеска на билетарата на Центарот за култура, пуштени се во продажба билетите за  првиот настан на Камерниот Оркестар за оваа 2019 год. 

Денеска во Битола беше промовирана пробациската канцеларија што предвидува новиот Закон за пробација. Станува збор за алтернативни мерки, односно ресоцијализација на затворениците преку општокорисна рабта, условен отпуст со надзор и куќен затвор со електронска алка за следење на осудените лица.

Се известуваат (старосните, семејните и воените) пензионери членови на Здружението пензионери Битола дека почнувајќи од 21.01.2019г. заклучно со 23.01.2019г. (Понеделник, Вторник и Среда) од 10.00 до 15.00 часот ќе се врши запишување на огревно дрво (даб и бука) во просториите на месните заедници во Битола каде припаѓаат по лична карта и во селата Новаци, Могила, Бистрица, Цапари, Кукуречани, Добрушево и Буково..

 

Градешка река замрзна, но жителите  и потомците на мариовското село Зовиќ  се подготвуваат за големиот христијански празник Богојавление- Водици . Иако во селото има само седум постојани жители, нивните роднини од градот веќе им помагаат за да се одбележи празникот. Помладите започнаа со кршење на мразот и поставување на греди за да може да се наполни вирот со вода и да има каде да се фрли Светиот крст.

Основниот суд во Битола ги закажа првите рочишта за спорот во кој превозници од Битола тужат училишта  од градот за неиплатени фактури за бесплатниот превоз на ученици од септември 2018 година.

Превозот беше регуларан  со петгодишните договори меѓу Општина Битола и превозници, а сега тие договори  се во фаза на раскинување и им поминува отказниот рок кон средината на февруари годинава.

Првото  рочиште е закажано  за 28 јануари за гимназијата „Таки Даскало“, а потоа следуваат судски рочишта во февруари и март за другите средни училишта.

Со измерени минус 18 степени најстудено утрово повторно беше во Битола.  И претпладнево во земјата е ведро и студено, наместа  со појава на умерена облачност.  Дува слаб  западен ветер. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец .

Утре и за време на викендот ќе преовладува облачно време со магла по одделни котлини. Во крајните западни делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд, а на планините од снег. Повеќе врнежи се очекуваат од вторник.

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето  за предметот „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство.На обвинителна клупа треба да седнат обвинетите поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица во овој случај кои се товарат за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Од први февруари Клиничка болница од Битола ќе има посебен режим за влез во установата. 

1.Пациентите кој имаат потреба од амбулантски лекарски преглед задолжително прво ќе треба да се обратат на пунктот за информации пред влезот на Болницата од каде ќе бидат упатени до амбулантите.

2.Електричните врати ќе бидат отворени само од 15 до 17 часот за време на посета.

3.Секој кој има потреба од секојдневно посетување на тежок болен ќе влегува со издадена пропусница.

4.Се задолжуваат студентите од ВМШ исклучиво да го користат влезот кој е наменет за нив.

5.Сите вработени ќе влегуваат со посебно издадена пропусница. Сето ова се спроведува за подобар ред и работа во болницата затоа ги молиме сите посетители за разбирање, соопштуваат од Клиничката болница од Битола.

               

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани