2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Имавме кристално чисти, фер и демократски избори како што доликува на европска модерна и демократска држава,рече Александар Кирацовски, претседател на Изборниот штаб на СДСМ. 

-Очекуваме и останатите учесници во изборниот процес да дадат признание за мирно спорведените демократски и слободни избори. Никој да не се обидува преку лажни вести и измислици да бара алиби за непоскауван резултат од изборите. Мнозинската волја на граѓаните изразена на фер и демократски избори мора да биде испочитувана од секого, - рече Кирацовски.   

 

До 17 часот, според ДИК, излезноста во Битола е 45,69 проценти.

Во Новаци 56,57 проценти, Могила 46,63 проценти, Ресен 39,71 процент, а и понатаму лидер по одзив во Југозападниот регион е Демир Хисар со 60,40 отсто излезеност на гласачите.

По избирачки места најголема излезност во Битола до 15 часот е регистрирана во централното градски подрачје, Ушици, Триаголникот, а најмала на едно избирачко место во месната заедница „Димитар Влахов“ и селата Раштани и Граешница.

До 13 часот за три проценти е поголем одзивот на битолските гласачи на вториот круг од претседателските избори во однос на првиот круг. Во првиот круг  до 13 часот имале гласамо 25 проценти, а сега во вториот 28,13 проценти. 

Од пелагониските општини на прво место со најголема излезност е Прилеп, до 13 часот гласале 33,87 проценти од гласачите. 

На второ место е Новаци со 30,89 проценти. 

На трето е Демир Хисар со 28,3 проценти илезени гласачи на гласање. 

На четврто место е Битола, на петто Могила со 21,92 проценти и на шесто Ресен со 20,45 проценти излезност. 

 

Лошото време пропратено со студ, магла и дожд не ги поколеба планинарите од Полициско- спортскиот планинарски клуб „7-ми Мај“ да го изодат осмиот традиционален планинарски марш „Смилево 2019“. Движејќи се по патеките по кои некогаш и војводите со комитите пристигнале во Смилево на познатиот Смилевски конгрес во 103 година, планинарите го одбележаа 7-ми мај, Денот на полицијата.

Македонските гастарбајтери, брачниот пар Стево и Данка Ризновски, по 50 години работа во Германија, се вратија во родното село Могила за да гласаат на претседателските избори. И по петдецениски престој во Германија, не извадиле германски пасош, туку ги задржале само македонските патни исправи.

До 10 часот во Битола на гласање излегле 9,35 проценти од гласачите, што е за нецел процент повеќе од излезноста во првиот круг кога до 10 часот претпладне изнесуваше 8,80 проценти. Сепак, со оваа излезност Битола се доближува до општина Новаци, која пак беше лидер во излезност во првиот круг. Во Новаци до 10 часот гласале околу 10 проценти од гласачите, што според ОИК е на истото ниво како и во првиот круг. 

Во општина Могила излезноста е зголемена околу процент и половина. До десет часот денес гласале  6,02 проценти, а во првиот круг до истото време 4,6 проценти од гласачите. 

Во седум часот утрово на време беа отворени сите гласачки места во Битола. Гласањето се одвива без проблеми. На 169 избирачки места право на глас имаат  81 738 гласачи.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани