2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

По повод Денот на полицијата и безбедноста 7-ми мај, Полициско спортскиот планинарски клуб
„7-ми Мај“ од Битола го организира осмиот традиционален планинарски марш „Смилево 2019“.
Маршот ќе се изведе оваа недела од шест часот наутро до 16 часот попладне, на релација Битола – превој Ѓавато(Дервен) – пл.врв Пирамида – чешма Горановец- с.Смилево – Битола.

Собирањето на учесниците на маршот е во времето од 06.оо до 06.15 часот кај фонтаната пред СВР Битола и превезување на истите со автобус до превој Ѓавато (Дервен).Стартот на маршот е во 07.оо час. Враќањето од Смилево до Битола е предвидено во 16.00 час.

Од страна на организаторот е обезбеден ручек во село Смилево.

Од ПСПК „7-ми Мај“ порачуваат сите учесници на маршот да бидат во добра психофизичка кондиција. Задолжително е користење на планинарска опрема и облека, задолжително и облека против дожд. Патеката е средно тешка, маркирана и во должина од 18 километри.

Седми мај се слави како Ден на полицијата зашто на овој ден на Смилевскиот конгрес во 1903 година биле формирани и првите полициски чети за обезбедување конгресот.

Со свечена детска академија учениците од трето в одделение од Основното училиште „Елпида Караманди“ одбележаа 77 години од херојската  смрт на партизаните од народноослободителниот одредот „Пелистер“.  Свечената академија ја одржаа на оворено на плоштадот „Магнолија“, а содржината под водство на наставничката Фачне Јошевска ја подготвуваа три месеци.  

Иселеници од Будаково, Мусинци, Ерековци, Канатларци кои денес живеат во Република Турција, денеска заедно со жителите на Општина Могила и локалната самоуправа го реализираа проектот кој што го промовира соживотот „Хидрелез“.

21 издание на Интернационалниот фестивал на монодрама ќе се одржи годинава од 9 до 13 мај во Битола, иако Министерството за култура не им даде ни денар. Центарот за култура предводен од директорката Маја Андоновска Илијевски заедно со вработените потпирајќи се на средства на институцијата, финансиска помош од Општината, јавни претпријатија, фирми, па и индивидуалци од градот решија да не се откажат од фестивалот.

После 40 години Јавното претпријатие „Стрежево“ денес за првпат ќе започне со испорака на технолошка вода за наводнување на земјоделски површини во с.Лисолај. На земјоделските површини е инсталирано полиетиленско црево (Ø225) со должина од 880м во ров со пропратна хидромеханичка опрема. Инвестицијата е од сопствени извори  на претпријатието во висина од околу 2. 000 000 денари.

СВР Битола во соработка со Центраот за социјални работи и Црвениот крст денес организираше предавање „Безбедни на интернет“ за ученици од основните училишта.

„Додовме до созанние дека нагло е зголемен сајбер булингот или психичкото малтретирање кај децата додека користат интерент. Децата како најмала група се вовлекуваат во некои страници кои не се за нив и се малтретирани на некој начин. Добиени се и сознанија дека се премолчуваат некои работи. Сакавме во делот на превенцијата да им укажеме кои се постапките, со кои треба да комунициираат и каде да пријавуваат“, рече началникот на Отсекот за превенција при СВР Битола , Сашо Гилевски.

За жал, уште мал е бројот на вакви пријавени настани од страна на родители, за што Гилевски вели дека уште не се одважуваат да пријават. Но, додава дека СВР презема перманентно мерки и ги следи состојбите, а сорботува и со Центраот за социјални работи.

За игрите „Момо“ и „Синиот кит“ за кои се крена голема прашина дека ученици од Битола се самоповредувале рече дека целата ситуација била медиумски преувеличена.

„Таа интернет игра беше повеќе новинарски накрената, извршени се секакви проверки, многу разговори, имаше пријава, но се беше некако зголемено, немаше никакви проблеми околу игрите Момо или Синиот кит. Тие игри го има кај нас, но не се многу навлезени во интернет посетите на нашите деца“, рече Гилевски.

Сепак, од СВР аплеираа родителите да внимаваат што содржини следат нивните деца на интернет.

„Од Отсекот за превенција при СВР преку одржани низа предавања во основните и средните училишта дојдовме до сознанија дека на интернет мрежите постојат игри кои се опасни и со ризик по здравјето на децата, затоа покренавме иницијатива да ја подигнеме свеста кај родителите и децата да им укажиме на што треба да внимаваат“, рече Сања Стаматова, портпарол на Битолската полиција.59422718 415567955943897 4112153911421304832 n

Психологот Сашо Кочанковски рече дека во пракса родители се почесто доаѓаат со жалба барајќи помош како да се надмине зависноста од интернет кај нивните деца.

„Проблемот е и од психолошки аспект голем зашто времето поминато на интернет го скусува времето за другите активности за учење, спиење, дружење, комуникација со семејствата, односно директната комуникација. Кај игрите е пропишано на која возраст треба да се користат, голем дел се за над 13 или 16 годишна возраст. Кај нас реалноста е поинакава и децата на било која возраст можат да пристапат. Тоа е одговорност на родителите, треба да ги следат и да можат да им помогнат пред да се развијат зависности“, рече Кочанковски.59383223 2913086192065009 1624912004978311168 n

Претераното користење интернет може да предизвика проблеми со спиењето, дебелина заради неактивноста, аксиозност , депресија и друго.

ОУ „Гоце Делчев“ од Битола денеска го слави патрониот празник , испраќајќи ја пораката дека многубројните освоени награди , реализирани проекти , предавања, работилници и презентации се доказ за нивната плодна и успешна работа како образовна институција. Одбележувањето започна утрово со полагање цвеќе пред бистата на патронот Гоце Делчев, доделување на пофалници на наградени ученици на училишниот литературен и ликовен конкурс, историски час, спортски активности и презентација на НАНСЕН моделот за интеркултурно образование. Главната свеченост се одржа во Малата сала на Центарот за култура каде беше изведен поетско-музички рецитал. Директорката на ОУ „Гоце Делчев “ Билјана Стојковска пред присутните рече дека реформите во образованието се предизвик за сите, а раководниот, стручниот и наставниот кадар се цврсто решени и ангажирани да го следат императивот, да не се плашат од промени и да бидат активен критички и конструктивен дел од нив во насока на унапредување на воспитно-образованиот процес во училиштето.

-Образованието не е чисто реципрочна активност и договорен процес, тоа бара посветеност како на страната на учениците и наставниците така и на страната на родителите. Почитувани родители на вас гледаме како партнери во воспитно-образовниот процес се со цел стекнување на повисоки и потрајни знаења на вашите деца, нашите ученици, идни алуми со кои училиштето ќе се гордее, рече во своето обраќање кон присутните директорката на ОУ „Гоце Делчев“ Битола, Билјана Стојковска.

dd

d1

d 4

d 3

d 6

d 7

d 9

d 12

d16

d 15

d11

d 13

d17

Изградбата на северната трибина на стадионот „Под Тумбе кафе“, тече според предвидената динамика, така што до денес е изградена една четвртина од изведбата. Битола треба да добие стадион изграден според најсовремени европски стандарди со сите потребни инфраструктурни услови за меѓународни натпревари. На градбата на северната трибина се работи според плановите, па на терен може да се види дека градежните работи напредуваат, новиот објект ја добива посакуваната форма.  

-Моменталната состојба со изградбата на проектот „Изградба на северна трибина прва фаза“ изнесува 25% од вкупната реализација. Општина Битола во соработка со Надзорниот орган за изведба на проектот постојано ја следи динамиката на работа на терен, потврдуваат за Апла.мк од Општина Битола.

РЕК Битола започна со ремонтните активности предвидени за годинава. До средината на ноември ќе бидат направени редовни ремонти на Блок 1 и Блок 3 и капитален ремонт на Блок 2. Блок 1 ќе биде во ремонт до 3 јуни, по што следува ремонт на Блок 3 од 4 јуни до 7 јули. Осум години по модернизацијата, годинава капитален ремонт ќе биде изведен на Блок 2. Ремонтните активности на овој блок ќе траат од 15 август до 15 ноември.

Започна дистрибуцијата на изборниот материјал за вториот круг од претседателските избори кој ќе се одржи в недела на 5 мај. Процесот се одвива под силно полициско обезбедување.

-Можам да порачам на фалсификаторите да не се мачат, бидејќи овие ливчиња се презаштитени и не постои можност за фалсификат, нагласи  директорот на печатницата „Киро Дандаро“-Битола,  Драги Милошевски.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски истакна дека навреме започна дистрибуцијата на гласачкиот  материјал до секоја Општинска изборна комисија.

-Од печатницата „Киро Дандаро“ брзо и професионално се изврши предавањето на гласачкиот материјал и дистрибуцијата ќе биде навреме извршена од нашите 12 тимови. За вториот дел од кампањата можам да кажам дека помина мирно без некои посериозни нарушувања , кандидатите се држеа до свои агенди. Нормални се некои понервозни реакции од страна на кандидатите  во последните денови пред вториот круг на гласање, но за нас е важно во недела да имаме еден чист коректен изборен ден, со што ќе потврдиме дека граѓаните на нашите држава можат да излезат и на демократски и фер начин да покажат дека можат да се спроведат чисти избори во нашата држава, рече Дерковски.

kiro 1

 

 

kiro 2

kiro 4

kiro 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани