
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Советниците од СДСМ и коалицијата во Советот на Општина Битола ја изгласаа одуката за формирање на Јавно претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање, уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општината Битола. Едно од нашите најважни и најзначајни ветувања станува реалност. Битолчани ќе плаќаат пристојни цени за паркинг и јавен превоз. Најважно, е тоа што средствата ќе се слеваат во општинската каса, наместо во приватните џебови како досега, рече денеска Методија Илиевски.
Како советници од советничката група ПОИНАКУ Габриела Илиевска и Иван Чулакоски бараме јавно извинување од советникот Борче Корлевски за ширење лаги и невистини во врска со 32 седница одржана во Советот на Општина Битола на ден 23.04.2019 во 10часот. во врска со точката број 4 од дневниот ред -Одлука за основање на Јавно претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општината Битола.
На седницата едниот советник беше отсутен од салата, а другиот воопшто не учествуваше во гласањето. Советникот кој погрешно пренел или се обидел да пренеси грешно, направил клевета и ќе биде повикан да се извини или ќе биде повикан на суд. Барањето за извинување од негова страна ќе го поднесиме до сите кои пренеле или објавиле. Во рок од 48 часа бараме да се извини бидејќи има записник од денешната седница, кај што стои кој бил, а кој не бил, како гласал , а кој не гласал. Иван не беше присутен од објективни причини, а Габриела беше присутна ама не гласаше воопшто бидејќи не ги доби бараните податоци и информации. Се останато е невистина и клевета.
Поинаку-Битола
На денешната седница на Советот владеачкото мнозинство на СДСМ и коалицијата ја изгласа одлуката за формирање јавно претпријатие за паркинзи и организрање јавне превоз во Битола. Ова јавно претпријатие ќе го преземе управувањето со зонското паркирање, а на сегашниот концесионер договорот му завршува во јуни 2019 година.
Од 22 април во Општина Новаци во функција е ставена дисперзираната канцеларија на подрачното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство во Битола. Од 22 до 30 април сите земјоделци од Општина Новаци можат да го извршат пријавувањето на субвенциите. Пријавувањата ќе го врашат лично со лична карта или член на земјоделско стопанство секој работен ден од 8 до 16 часот во дисперзираната канцеларија која се наоѓа на прв кат. Стручните лица вработени во МЗШВ ПЕ Битола ќе им стојат на располагање на сите земјоделци за било каква помош и дополнителни информации. Пријавувањето на субвенциите ќе трае до 30 мај 2019 година, информираат од канцеларијата во Општина Новаци.
Денес се навршуваат 40 години од првиот Фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во тоа време наречен „Манакиеви средби“. На 23 и 24 септември 1979 година на манифестацијата беа презентирани краткометражни и долгометражни филмови од сниматели од цела Југославија, а беше организирана и тркалезна маса со познати филмски работници од сите тогашни центри на Југославија.
Бучавата од сообраќајот на одредени места покрај училишта и болница во Скопје и во Битола е дури два пати повеќе од дозволеното, покажуваат мерењата што го направија Техничкиот факултет во Битола и Институтот за комуникациски студии во Скопје во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.
Денес, кога сѐ помалку ученици има по училишните библиотеки и сѐ помалку читатели во градските, кога дел од населението на читањето гледа како на денгуба, а децата кои читаат се исмејувани меѓу врсниците, кога интернетот се обидува да ги истисне книгите од живот на луѓето, сепак битката за вредноста на книгата не е загубена. И нема да биде загубена се додека има луѓе, интелектуалци, кои постигнале многу во животот, а за книгите уште раскажуваат дека им досеганле во срцето. Надежта ја враќа пораката на македонскиот режисер Милчо Манчевски по повод Светскиот ден на книгата и авторското право.
Вчера на Универзитетскиот сенат беа донесени одлуки кои значат почнување на постапка за ректор. Според законското решение новиот ректор на Битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“ ќе се избира на непосредни, тајни и демократски избори.
-Наскоро ќе биде објавен јавен оглас на кој сите можат да се пријават, формирана е универзитетска изборна комисија која ќе ги спроведе изборите, велат од Битолскиот универзитет.
Ректорот Сашо Коруновски признава дека и тој размислува да се пријави на огласот за втор мандат.
По повод престојните Велигденски празници, со одлука на Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола, деновиве на педесет социјално загрозени семејства во кои има пензионери им донираат прехрамбени производи. Донаторската акција започна во селата Буково, Горно Ореово и Крстоар, а ќе продолжи во градот Битола и уште неколку други села. Претставниците на Здужението на пензионери од Битола ја искористија оваа прилика да поразговараат со пензионерите за нивната состојба и здравје и да им го честитаат Велигденските празници.