
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од подрачната единица на Министерството за земјоделство информираат дека започна рокот за поденсување барања за субвенции по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година и ќе трае до 30 Мај 2019 година. Апликациите се однесуваат за површини со полјоделски и градинарски култури, лозови и овошни насади како и за сточарско производство - за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи и за заклани животни во кланица.
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите Одделенија за управни работи ќе работат во сабота и недела (20 и 21.04.2019 и на 04 и 05.05.2019 година).
Место неделно кафе на Широк Сокак, засукајте ракави и право в Касарна. Збирно место во 10 часот кај ресторан Аурум. Акцијата што ја иницираа професорката по англиски јазик Марија Магдалена Петковска Микаровска заедно со учениците од втора шест од Средното медицинско училиште, продолжува. Решени се да ја исчистат таканаречената елитна населба Златен рид од диви депонии и расфрлено ѓубре.
Успешно имплементиран проектот: "Регулирање на коритото на Црна река и нејзините притоки по течението на општините Могила, Новаци, Битола и Демир хисар" (четврта фаза).
11-годишната Маја Крстевска од Битола го освои првото место во категоријата Латино соло танци, настапувајќи cha-cha, rumba, jive и Juvenile 2 (пионери 2) во конкуренција од 14 девојки на Меѓународниот натпревар во латино, стандардни и модерни танци „Makedonia Open 2019“. Натпреварот се одржа на крајот од месец март во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје во организација на Танцовата спортска федерација на Македонија. Талентираната Крстевска беше дел од тимот на Танцовиот спортски клуб ,,Step up” (Степ ап) од Битола кој учествуваше со 49 натпреварувачи во повеќе категории и тоа : Latino solo (cha-cha, rumba, jive), Latino All ladies group, Latino All ladies formation, како и категоријата WDSF WORLD OPEN LATIN & STANDARD.
Еко центарот кој што работи под закрила на ЈП „Комуналец“ и со поддршка на Општина Битола, е носител на големиот настан кој што ќе се случи по повод Денот на планетата земја на 22 април. По серијата на презентации одржани во основните и средните училишта и во сите детски градинки во општината како дел од активностите на Еко центарот, ќе се случи првата заедничка оперативна координација на одбележувањето на овој ден. Директорот на ЈП „Комуналец“ Панде Богоевски, во присуство на градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и директорите на образовните институции во градот, на координативната средба ги договорија конкретните чекори за локациите и начинот на делување на терен.
„Сите заедно во понеделник, во 12 часот заеднички ќе го одбележиме Денот на планетата земја и со тоа ќе направиме заеднички чекор кон подигнување на свеста и менталитетот кај нашите сограѓани, во однос на селектирањето на отпадот и истиот да не се фрла насекаде. На пет различни пунктови во градот, односно во Старата битолска чаршија, на Плоштадот Магнолија, кај хотелот Епинал, кај Офицерскиот дом и во Новиот пазар, ќе бидат лоцирани ученици од најблиските училишта кои што гравитираат околу локациите и заедно со нивните наставници, ќе делат флаери на кои е прикажан начинот на селектирање на отпадот и ќе им објаснуваат на минувачите како тоа да го прават. Исто така, свои претставници ќе имаат и невладините организации кои ќе им се приклучат на учениците на соодветните локации. Преку првичната селекција на отпадот, ние практично учествуваме во незагадување на нашата животна средина“, рече директорот на ЈП „Комуналец“ Панде Богоевски.
С О О П Ш Т Е Н И Е
Здружението на пензионери од Битола им соопштува на своите членови- корисници на старосна семејна и воена пензија дека лабораторските услуги освен во Битолската Лабораторија, можат истите да ги прават и во лабораторијата во ЈЗУ Клиничка Болница Битола,(Вторник, Среда и Четврток од 09.30 до 10.30 часот)