2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Здружението на граѓани за советување, поддршка на лица со карцином или лица кои се излечиле „Јасмин“-Битола објавува повик до сите заинтересирани фирми и поедници за учество на Велигденскиот базар кој ќе се одржи на 25 април, четврток  од 11 до 13 часот на плоштадот Магнолија. Средствата ќе бидат наменети за помош на лица  кои се соочуваат со оваа болест.

Од „Јасмин “ велат не треба да заборавиме дека Битола е град со 2400 лица заболени од карцином и затоа повикуваат –„Заедно во борбата против карциномот!.

70 години како државно училиште, прослави денеска Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и други пречки во развојот „Кочо Рацин“-Битола. Таа е  единствена установа во земјава од ваков вид во државата под Министерството за образование и наука.

Се предомисли Гордана Лозановска Стефановска  (екс)претседател на ЛАГ-Пелагонија-Новаци , па испрати отворено писмо до јавноста, откако денеска нашата редакција објави текст за состојбите во здружението со реакации на дел од членките.

Утрово Апла.мк ја контактираше по телефон Лозановска Стефановска, да побара и од неа мислење за реакциите на дел од членките за нејзината работа,  но таа кога го слушна новинарското прашање кусо одговори-„Ве молам ова не е тема за дискусија“, и љубезно ни посака добар ден.

Дел од редовните членки на ЛАГ- Пелагонија (Локални Акциони Групи во Република Македонија) со допис до Апла.мк реагираат дека во Здружението недолично и нетранспарентно се работи за што како што велат се известени градоначалниците на општините Битола, Могила, Новаци и Демир Хисар.

Незадоволството од членките е насечено кон претседателот Гордана Лозановска Стефановска, чиј мадат е изминат.

„Секоја идеја е голема, затоа и од Битола се може(и)“, беше мотото на Демо денот што се одржа на деветти април во Битола кога несекојдневна можност имаа дваесетина млади луѓе да ги претстават своите иновативни бизнис планови пред потенцијални инвеститори. Ова беше официјалниот завршен настан на акцелераторската програма Employouth во организација на Фондацијата за одржлив развој „ПРЕДА Плус“.

Компот од јаболка „А ла Преспа“, напишаа во иронија граѓани на фејсбук откако на страницата „Моја Преспа, мојот Ресен, мојата судбина“ беше објавена снимка од исфрлени јаболка во Преспанското Езеро. Не се знае кој се ослободил од непродадениот род во езерските води, а далгите веќе дел извадија на брегот во Претор.

Резултатите од проектот „Математика за мали“ наменет за децата од предучилишна возраст и учениците до трето одделение покажуваат дека децата не само што    учат и ги развиваат математичките и логичките вештини, туку и се забавуваат.

Поставени се клупи и жардиниери на пешачката патека од Ленски мост до местото каде што беше некогашна „Хигиена“. Оваа урбана опрема им овозможува на минувачите да можат да седнат и да уживаат во старата чаршија. Само за жал, се уште има несовесни возачи кои со автомобили велгуваат во зоната и се паркираат иако тоа не е дозволено. .

По подолг период на планирање од страна на Кошаркарскиот клуб Петровски, се стигна до реализација на идејата за МУЛТИ-СПОРТ за најмладите во нашиот град.

Посветен на својата мисија за создавање на здрава младина, клубот створи оптимални услови за реализација на оваа проекција, набавувајќи опрема и реквизити за голем број спортови, кои ќе бидат опфатени во МУЛТИ-СПОРТ отсекот. Некои од направите се новитет во градот.

За јагленот тешко дека ќе има голема иднина во Европа, а со тоа и кај нас, зашто цената на емисиите на јаглероден диоксид ќе биде толку висока, што ваквото производство нема да биде конкурентно на пазарот на енергија, рече на предавањето на Техничкиот факултет во Битола академикот и енергетски експерт Глигор Каневче. Тој алармираше дека е последен момент да почне да се размислува за нови правци во развојот на македонскиот енергетски стожер РЕК ,,Битола”.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани