
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во организација на Здружението на слепи лица од Битола, синоќа се одржа меѓународниот концерт на слепи лица „Слепите од Балканот свират и пеат заедно“. Еве дел од атмосферата на концеротот
По препораките на Mинистерството за здравство и прогласувањето на епидемија од морбили на подрачјето на цела држава, заради заштита на населението и Клиничка болница од Битола ги спроведува следните мерки за заштита почнувајќи од денес, поточно 17.04.2019 година:
Во Битола досега нема ниту еден регистриран случај на морбили, потврдуваат од Центарот за јавно здравје. Се уште не добиле официјалне допис од Министерството за здравство откако вчера Комисијата за заразни болести даде препорака да се прогласи епидемија од мали сипаници на територијата на цела држава.
Синоќа во битолската „Порта Џез“ започна серијата предавања од иницитивата за афимирање на женското претприемништво под насловот Womenpreneurs Stories, во организација на Преда плус фондацијата како дел од Employoth Универзитетската пилот програма за стартапи во Пелагонискиот регион, под сега популарното име “И од Битола се може”.
Пробно возење по железничката пруга Битола-Кременица со патнички воз
Со средства од проектот „Одржливо менаџирање на агро-отпадот за загревање на руралните средини“- Agrowchain од програмата за прекугранична соработка Македонија- Грција набавен е трактор и приколица кои се дел од опремата која општина Новаци треба да ја набави за да ги чисти речните корита и канали со кои ќе собира биомаса за загревање на детската градинка.
„СТРАБАГ АГ подружница СТРАБАГ Скопје“ и „ИСКРА ДД“ како изведувач и подизведувач на градежните работите за изградба на железничката пруга Битола-Кременица ги известуваат жителите на Битола, Кравари и околните места дека денес 16.04.2019 година, од 10:00 до 13:00 часот ќе вршат тестирање на пругата со патнички воз, јави ТВ Тера.
Средномесечните концентрации на ПМ 10 честичките во Битола во март биле под максимално дозволените граници од 40 микро грами на метар кубен. Но, загрижуваат податоците за ПМ 2,5 честички кои на сите локации каде има мерни станици во градот се движеле над просечно пропишаните 10 микро грами на метар кубен. Ова е дел од Извештајот за квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола објавен од Платформата „Земи здив“.
Ликот на Исус Христос го изгравирала средношколката- иноватор Евгенија Дивитарова на 55 државен натпревар на млади истражувачи што викендов се одржа во Куманово. Целта ѝ била да покаже дека нејзиниот изум, цнц машината, може да гравира со ласер и во нијанси.
По извршените подготовки во изминатите денови, започна асфалтирањето на потегот од кружниот тек кај Лук Оил на излезот од Битола кон Ресен, до влезот во селото Братиндол, во должина од 3 километри. Директорот на Македонија пат подружница Битола Беким Мемети истакна дека оваа активност во вредност од 15 милиони денари, го надминува проблемот со пропаднатиот асфалт на самиот кружен тек, кој со години наназад ја загрозуваше безбедноста на возачите, а истовремено оставаше лоша слика за самиот влез во градот од страната кон Ресен, соопштија од Општина Битола.