2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

 Со акција која има за цел да ја подигне свеста за селектирање на отпадот кај граѓните, јавното претпријатие „Комуналец“ и  општина Битола, го одбележаа 22 април, Денот на планетата земја. На пет пунктови низ градот, Старата битолска чаршија, плоштадот "Магнолија", кај хотелот „Епнал“, кај Офицерски дом и Новиот пазар, ученици од битолските училишта и деца од градинките, заедно со нивните наставници им делеа флаери на граѓаните на кои е прикажан начинот за селектирње на отпадот.

По повод Денот на планетата Земја и патрониот празник на ОУ „Тодор Ангелевски“ во соработка со ЈП „Комуналец“ во Еко куќичката се одржа еко активност со цел намалување на отпадот преку селектирање на био отпадот.

-Вредните ученици на наставничките Мирјана Тасевска, Јасмина Ортаковска, Гордана Ѓоргиевска и Слаџана Бојаџиева им презентираа искуства од ОУ „Тодор Ангелевски“ за производство на био отпад и производство на компост- хумусна, плодна почва.

Во проектната активност се вклучија и ОУ,,Св. Климент Охридски“, ОУ „Ѓорги Сугарев“, ОУ „Коле Канински“ и ОУ„ Трифун Пановски“  и решивме сите заедно да ги засукаме ракавите и веруваме сите заедно ќе добиеме компост, изјави Љубица Стерјева директор на  ОУ „Тодор Ангелевски“-Битола.

todor 1

Хорот на ОУ „Гоце Делчев“ денеска ја понесе првата награда на Регионалниот натпревар за хорови и оркестри што се одржа во Битола. На натпреварот настапија ученици од основните училишта во Битола, Ресен и Демир Хисар. Но, највпечатлив беше настапот на хористите од ОУ „Гоце Делчев“ кои ги воодушевија присутните. Хорот од жирото беше награден со 99 поени. Хористите од ОУ „Гоце Делчев“ со овој пласман ќе настапат на Државниот натпревар како трогласен хор, прва категорија со 24 ученици. Тие ги исполнија композициите „Ѕвона“од Запро Запров , и композицијата „Песна за Гоце“ од Кирил Македонски . Диригент на двете композиции е Марија Арсиќ.

slika 1

Стево Пендаровски е во благо водство пред противкандидатката Гордана Силјановска Давкова според резултатите на ДИК на ново на држава од обработени 97,51 процент од гласачките ливчиња.

Во општина Битола, според ДИК, во водство е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова со освоени 17992 гласа во однос на кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски, кој освои 17766 гласа. Разликата е 226 гласови.

Од останатите општини во Југозападна Македонија, кои се во близина на Битола, Стево Пендаровски води во Ресен и Крушево, додека пак, во Могила, Демир Хисар и Новаци повеќе гласови освои Силјановска Давкова.

Изборниот штаб на Стево Пендаровски во Битола објави дека има благо водство пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.  Ова го поткрепуваат и податоците од ДИК

 Според обработени 18, 23  насто од гласови ,односно 6444 гласови,  ДИК објави дека за кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски гласале 2995 гласачи, а за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова 2966 гласачи.

„Изборниот ден помина во исклучително мирна, фер и демократска атмосфера. Имавме кристачно чист, прв изборен круг од претседателските избори. Имавме скандинавски избори како што доликува на идна земја членка на НАТО Алијанската и ЕУ. Своето гласачко право граѓаните го искористија слободно, на достоинствен, демократски начин и покажаа демократска здрелост и одговорност пред општеството и државата. Спроведени се мирни, фер и демократски избори“, рече Александар Кирацовски, претседател на Изборниот штаб на СДСМ.   

 

До 18,30 часот во општина Битола на гласање излегле 46 проценти од гласачите. Во Новаци гласале 60,12 проценти, во Могила 51,17 проценти, Демир Хисар 58,36 проценти од вкупниот број на гласачи во општините. 

Во канцеларијата на Народното правобранителство во Битола денес биле поднесени пет официјални претставки од гласачи.  Две од нив, поради нарушување на изборниот молк со уфрлување на политичко пропаганден материјал во поштенски сандачиња во станбени згради и уште неколку други случаи пријавени од граѓани кои не се нашле во избирачкиот список, а личните карти им биле извадени по 8 февруари.

Излезноста на гласачите во Битола до 15 часот изнесува 32,75 проценти, соопштија од Општинската изборна комисија.  

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани