2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

 
4 ноември 1944 година, по четиригодишна окупација македонските борци го ослободија градот Битола.

Народниот театар од Битола со претставата „Детето сонува“ од Ханох Левин, а во режија на Итаи Дорон тргна на гостување во Пекинг и Шангај во Кина. Претставите се закажани за петок и сабота оваа недела. Актерите на своите фејсбук профили напишаа дека на овој начин ѝ го честитаат празникот на Битола, 75 години од ослободувањето.

Пожар избувна вечерва под тунелот кај обиколницата над Битола, а по пријавата на апла.мк противпожарната единица веднаш излезе на терен и се уште интервенира на опожареното место.

За време на викендот во Битола се одржа традиционалниот дводневен празничен  шаховски турнир за слепи лица со учесници од целата држава. Шаховскиот турнир за слепи лица е  во редовната програма по повод Денот на ослободувањето на Битола. Лицата со овој вид хендикеп уште еднаш го покажаа својот спортски дух и желбата за заедничко дружење. А со нив партија шах изиграа и претседателот на Совет Валентин Груевски и советниците Емилија Костурска и Борче Корлевски од СДСМ. Општина Битола го поддржува овој турнир како и сите активности кои се во насока на подобар живот на лицата со хендикеп.

74407024 557839118312791 926038375431929856 n

74165138 545638676193316 8192673932713656320 n

А.Б

 

Мордехај Нахмијас бил истакнат партизан, познат по прецизниот истрел, кој за жал не го спасил од смртта на два месеца пред ослободувањето, загинал заедно со својата сограѓанка, Естреја Овадија-Мара на Кајмакчалан.

Нова трафостаница постави ЕВН-Македонија за потребите на жителите од улицата „Караорман“ над Битолскиот Баир. Мирсад Мухединов, вработен во ЈКП „Комуналец“ кој е задолжен за одржување на обиколницата над Битола, жител на оваа населба за Апла.мк вели дека тој и неговите соседи од населбата подолго време ја барале оваа трафостаница заради секојдневни проблеми во снабдувањето со струја, но ја добиле сега како што вели благодарение на заложбите на градоначалничката Наташа Петровска и на Самка Ибримовски од партијата ПЦЕР , како и од вклученоста на другите ромски партии.

-Јас и жители од населбата поднесовме барање до ЕВН, и еве денес ја добивме трафостаницата за потребите на нашата населба. Многу сме среќни поради тоа зошто сега ќе бидеме посигурни околу снабдување со струја на нашите домови. Голема благодарност до градоначалничката Наташа Петровска која не поддржуваше во барањето, вели Мухединов. 

75223786 552525225373795 4991988536216387584 n

74300409 467219354143383 897033997425573888 n

А.Б

По подолг период се бојадисува внатрешноста на Гиманзијата „Јосип Броз Тито“ во Битола со средства одбезбедени од Општина Битола. Викендов таму се одвива молерски зафат. Ова е едно од средните училишта во Битола со најголем број на ученици. Градоначалничката Наташа Петровскана на својот фб профил напиша дека претходно внатрешните простории на објектот цела деценија не биле бојадисани. 

Во Кино сојузот на Македонија од в година ќе се отвори школа за документарен филм со цел да се пиривлечат што повеќе млади лица да работата на тоа поле, но и да се стекнат со повеќе знаења. Ова беше соопштено на синоќешното отворање на 27. Интернационален фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ во Битола.

.„Попатни паралипомени“ е последната книга на авторот д-р Александар Литовски, која беше промовирана синоќа во галерискиот простор „Магаза“, како дел од настаните за  одбележување на 4 Ноември-Денот на ослободувањето на Битола. Станува збор за книга во која се собрани публикувани текстови од рецензии и осврти, јавни настапи за промоции, но и книга која пред читателите ќе отвори нови прашања и теми кои не се доволно истражени од македонската историографија, пишува Литовски во воведот на книгата.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани