2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Александар Литовски, историчар и член на македонската експертска комисија за спроведување на договорот со Бугарија ја демантира  веста објавена вчера на еден портал дека премиерот Зоран Заев вршел притисок врз историчарите да го декларираат Гоце Делчев како Бугарин. Во веста се наведува дека Заев дури и телфонски вршел притисок врз нив.

17 годишниот Рамон Казимов го освои златниот медал на Државното првенство во бокс што викендов се одржа во Охрид. Казимов се натпреваруваше во категорија од 69 килограми. Неговиот тренер Александар Најдовски-Сканта е повеќе од задоволен од резултатот и вели дека успехот на Казимов се должи на неговиот карактер, дисциплината и умешноста да го прифаќа и применува искуството на својот тренер во градењето на неговата кариера.

73285484 2499105976848299 445733965131677696 n

Класнето, Марија Магдалена Петковска Микаровска, со своите приврзаници ги исчисти дворовите на старата општинска зграда и објектот каде што порано беше сместен штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Ова се објекти кои веќе подолго време не се користат, а несовесните битолчани ги претворија во ѓубралници и јавни тоалети.

„Денешната акција си беше пред старата Општина. Објект во срцето на градот, а по наше, собиралиште на луѓе кои не внимаваат кај гнасат, а и никој очигледно никако не ги опоменува. Најдовме шишиња купишта, ѓубре, јадење, разградена мачка, пикавци милјарда, грмушките кои треба да се декоративни, се уствари канти за ѓубре, преполни внатре... Додека работевме, си помина кул тип и си уринираше во срцето на градот. Можи го доживуваат како јавно wc еве не знам како поинаку да разберам“, напиша Петковска Микаровска на својот фб профил.

Во акцијата се вклучија ученици од Француската алијанса предводени од Каролин Потеле Златевска, која на својот фб профил напиша: „Пред овие две прекрасни градби, згради на поранешни конзулати и екс-општина, смрдено, со измет, стакло, шприцеви, алишта, пластика, оставени во најцентар на градот.. запуштени и заборавени. Сум поминувала и со туристи и најмногу на тоа се чуделе. Како можат две вакви со историско значење да бидат толку запуштени“. 

Учесниците во акцијата се прашуваат како и зошто е можно да се дозволи историско вредни објекти да се испустат? Апалеираат да се обноват и да бидат атракција за туристи, а не веце!

Инаку ова се објекти во приватна сопственост и Апла.мк летово пишуваше за нивната запуштеност.

https://apla.mk/index.php/direktno/item/3236-ochaen-izgled-na-objektot-kade-polovina-bitola-stapila-vo-brak

За Солуна, За Стамбола Неа Не Давам... (Неделна Рубрика)

Во пресрет на патрониот празник на  битолското медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ ученичките од трета година, Сара Вршкоскс, Алмина Сулејмановска и Габреила Стоковска, имаа презентација пред своите наставници и соученици по повод октомври-месецот посветен на борбата против рак на дојка, каде имаа можност да го истакнат своето познавање во нивната струка-медицински сестри.

Работно е деновиве во  ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас- Битола, каде се изведуваат повеќе реконструктивни зафати. Според директорката на Заводот  Дивна Живорадиќ Најдовска се врши санација на санитарните  чворови, замена на дотраениот оџак, и секако едно од најбитните зафати адаптација на простор каде ќе биде сместена најсовремена сензорна соба на овие простори.

kaj 2

kaj 3

кај5

kaj 1

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани